Економија
Wise.Blue се приклучува на програмата за официјални партнери на Твитер со цел зајакнување на performance огласувачите

Wise.Blue е сеопфатно решение за огласување на Твитер, кое нуди резултати во поширок обем, избрано од најголемите меѓународни performance огласувачи (огласувачи ценети по учинок). Дизајнирана од Httpool, оваа платформа користи машинско учење и алгоритми за предвидување за управување сложени кампањи и испорака на клучни показатели за успех (KPI) во поширок обем.
Сега, како дел од програмата за официјални партнери на Твитер, програма која им дава признание на компании што нудат извонредни решенија за маркетинг со докажани резултати за успех на клиентите, Wise.Blue им дава дополнителна вредност на performance огласувачите, нудејќи резултати во поширок обем.
Можност за искористување на потенцијалот на огласување на Твитер за performance огласувачи
Некои од најискусните тимови за изведба и експерти за машинско учење си поставија амбициозна цел – да создадат можност за користење на целиот потенцијал на платформата за огласување на Твитер за performance огласувачите. Преку анализи и алгоритми за предвидување, создадовме низа карактеристики скроени за таа намена и го дизајниравме Wise.Blue за да станеме врвно решение за performance огласувачи.
„Твитер е една од најзначајните платформа со висококвалитетна публика која нуди неверојатни можности за најуспешните брендови и бизниси од целиот свет.“, објасни Мариус Ивановас, идејниот автор на Wise.Blue. „Тука настапува Wise.Blue! Ги идентификувавме клучните барања на најголемите performance огласувачи и развивме единствена технологија за напредните корисници да ги постигнат своите клучни показатели за успех на Твитер во поширок обем“.
Решението Wise.Blue API е засновано на обемно искуство, досегашни успеси и разбирање на потребите на performance огласувачите. Развиено е од Httpool, корпоративна компанија на IMS и партнер за продажба на Твитер во повеќе од 25 земји во Европа и Азија, Wise.Blue претставува иновација во најсуштинската смисла. Работејќи со безброј кампањи на Твитер и големи меѓународни performance клиенти, тимот воочи можности за максимално искористување на платформата на Твитер, поедноставувајќи го управувањето со сложените поставувања, а истовремено значително подобрувајќи ги резултатите.
Сеопфатна алатка за напредни корисници низ целиот свет
Повеќеаспектната природа на Wise.Blue е преточена во голем број производи и карактеристики кои претставуваат револуционерна алатка за сите performance огласувачи. На сеопфатното управување со дигиталната стратегија се додава алатка за длабинска аналитика, креативно студио и патентирана автоматизација за машинско учење.
„Овој проект, што го создадовме со сопствени ресурси, се разви во водечка глобална алатка. Постанувањето официјален партнер на Твитер е важно признание за Wise.Blue, и ни претставува задоволство што придонесуваме за екосистемот и додаваме вредност на некои од најсофистицираните performance огласувачи низ целиот свет “. рече Аљоша Јенко, извршен директор на Httpool.
Решението Wise.Blue се состои од технологија и услуги за управување со мрежа обезбедени по потреба, кои ги извршуваат меѓународни тимови на специјалисти за performance на Твитер. Како резултат, големите глобални огласувачи на Wise.Blue обично ги надминуваат своите клучни показатели за успех и креираат нови, претходно несогледани можности.
„Решивме да го довериме целокупното управување со кампањата на Твитер на тимот Wise.Blue и се воодушевивме од резултатите и професионалниот пристап. Тимот извонредно ја исполни задачата. Тие се многу агилни, транспарентни, имаат многу знаење и подготвени се да помогнат кога е потребно“. рече Камерон Ро, Директор за дигитален маркетинг на Change, една од водечките апликации за криптовалути.
Деивид Пранчас, менаџер за аквизиција на корисници во NordVPN се заблагодари на тимот на Wise.Blue за успешната соработка, истакнувајќи дека „знаењето што го комбинирате со практична поддршка е клучот за успешни performance кампањи. Задоволство е да се работи со таква група експерти“.
Решени континуирано да иновираме
Wise.Blue е решена постојано да иновира и да ги дефинира трендовите за performance рекламирање на Твитер.
„Ова е само почетокот на едно неверојатно патување. Постојано ја ажурираме и надградуваме Wise.Blue со нови функции наменети за дополнителна поддршка на напредните корисници на Твитер“, рече Артурс Лукашевиќ, директор на Wise.Blue. „Следните нови елементи на Wise.Blue вклучуваат дел за различни видови публика и специјална алатка за ремаркетинг“.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски: За автопатот Кичево-Букојчани ќе избереме изведувач овој месец, изградбата започнува веднаш согласно временските услови

Овој месец, почетокот на следниот месец ќе биде избран Изведувач за изградба на автопатот Кичево -Букојчани и доколку дозволат временските услови веднаш ќе се започне со изградба, најави денеска од Кичево, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
„До среда е рок за достава на понуди на автопатот Кичево Букојчани. Тој го работиме заедно со ЕБОР. Вредноста е проценета на околу 123 милиони евра, истите ги имаме обезбедено во соработка со ЕБОР а 20 % се грант средства. Очекувам до крај на овој месец, почетокот на следниот месец да имаме избрано Изведувач и доколку не послужат временските услови, а доколку не, со почетокот на следна градежна сезона во март да почнеме со изградба и на овој автопат кој што очекувам во период од 3 години да се заврши. Дополнително на тоа е најголемиот инженерски потфат, а тоа е изградбата на автопатот од Букојчани до Гостивар или популарната Стража. Од 33 км колку се проектирани, 17км се пробиени. Од март ќе се пробиваат и другите километри и првпат ќе видиме автопат да се гради од двете страни и очекувам до 2028 година и тој автопат да биде завршен што значи дека до крај на 2028 година Кичево ќе биде средиште на автопатското поврзување на Коридор 8, што значи дека по автопатско решение ќе се патува и кон соседна Србија, соседна Албанија и Грција” – истакна Николоски.
Тој најави дека до пролет и тунелите на автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени за сообраќај.
„Таму имаме 16 проблематични косини, на две од нив се работи од страната на Кичево, а за останатите проектирањето завршува на 1 ноември. До пролет очекувам и тунелите да бидат пуштени во употреба, а останите делови на автопатот да се пуштаат сукцесивно” – изјави вицепремиерот Нколоски.
Економија
Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

„Несомнено, квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност. Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци, коишто го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет. А во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот кредибилитет претставува најмоќната алатка за успешно остварување на целите на монетарната политика“. Ова го порача гувернерот Трајко Славески во своето воведно излагање на годишната конференција „Применети економски истражувања: патот кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“ организирана од страна на Балканската асоцијација на економисти во применета економија, во соработка со и поддржана од Економскиот факултет – Скопјe при УКИМ и Сојузот на економисти на Македонија.
Славески се осврна на анкетното истражување на Global central banking околу главните приоритети на централните банки, оперативните поставености и, следствено нивните истражувачки активности во следниот период.
„На прво место е финансиската стабилност, при што над 45% од централните банки даваат приоритет на финансиската стабилност и отпорноста, во контекст на тековните глобални предизвици. На второ место е справувањето со инфлацијата, при што мерките што ги преземаат централните банки се во насока таа да се сведе на историските нивоа од околу 2%. Третата област е кибер-безбедноста и вештачката интелигенција, коишто се новите предизвици пред кои што се исправени централните банки“, истакна гувернерот Славески.
Во фокусот на истражувањата се и дигиталната трансформација, вклучително и воведувањето на дигиталните валути коишто сѐ помасовно стануваат дел од стратегиите на централните банки.
Славески посочи дека носењето на одлуки базирани на докази е неопходно за централните банки успешно да ја извршуваат својата функција во комплексноста на денешните економии, особено во услови на епизоди на висока инфлација, брзи технолошки трансформации, огромна неизвесност и гео-економска дезинтеграција.
Во своето обраќање тој порача дека Народната банка посветено и во континуитет работи на подготовка на напредни и сеопфатни истражувања и анализи, коишто претставуваат еден од главните чинители при носењето на одлуките со кои се одржува севкупната макроекономска и финансиска стабилност на земјата.
Економија
МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

Над 1 милијарда денари нова транша е исплатена од кон Развојната банка за подршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем, извести МФ.
Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои ќе се реазираат инвестициски проекти од страна на домашните компании, кои претходно се одобрени од страна на деловните банки.
Со оваа транша вкупната поддршка што од централниот Буџет е трансфериран кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра.
Во Буџетот за 2025 година проектирани се вкупно 250 милиони евра кои се наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании, а кои треба да покренат инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата по поволни услови преку унгарската Експорт-импорт банка, соопшти Министерството за финансии.