Македонија
Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината
По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите, денес увид на најпогодените локации во градот, изврши битолската градоначалничка Наташа Петровска, заедно со директорите на јавните претпријатија.
„За жал во текот на вчерашниот ден, краткотрајно но сепак драматично, Општина Битола ја зафати невреме. 36 литри на метар квадратен наврнаа за само 15 минути, или во текот на 24 часа, 54 литри на метар квадратен, а само за споредба, во Прилепско наврнаа 12 литри на метар квадратен. Тоа потврдува дека бевме на удар на невремето. Но, веднаш, по првите повици, јавните претпријатија, вклучително и пожарната делуваа на терен, се одржа Кризен штаб на кој се информиравме што дотогаш е направено и се дадоа натамошни напатствија на делување. Се работеше во текот на целата ноќ на расчистување на критичните точки, а она што следува во текот на денот е расчистување и дезинфекција која е значајна, особено во овие околности“, рече Петровска.

Надлежните служби во Битола во текот на ноќта веднаш по обилните дождови реагирале на терен со севкупната механизација.
Интервенциите се одвивале во населбите Карпош, Јени Маале, на влезот во Битола М5, кај бензинската станица на Лук Оил, кружниот тек на Дулие, Горно Оризари, кај училиштето Тодор Ангелевски, на улицата Дебарска во населбата Баир и на други локации по повик на граѓаните.

„Карактеристично и забележително беше тоа што веднаш по запирањето на дождот, од повеќето критични точки водата се повлече, што покажува дека сепак повеќе дискутабилна била поројноста на дождот, отколку канализациониот систем. Денес ќе имаме нов кризен штаб, на кој ќе имаме согледување за состојбата, но и да имаме целосна подготвеност за она што евентуално би следувало“, посочи Петровска.
Битолчанецот Крсте Трајчевски, чија визба била целосно поплавена, а половично и неговиот автомобил, истакна дека овој проблем жителите на неговата улицата го имаат откако се затворил каналскиот систам поради изградбата на улицата „Железничка“ пред десетина години.

„Заврна голем дожд, дојде водата и нема кај да избега, зошто каналот, испустот према пругата е затворен. Со новиот пат кога го правеа, со новиот колектор, не пуштија цевка. Каналот ќе се наполни, кога ќе дојде оваа вода од нашата улица тој е веќе полн и водата нема каде да оди. Тоа е голем проблем кој ни го направија. Претходно си имаше канал, си одеше водата надолу. Но кога ја правеа улица Железничка пред околу десетина години ни го затворија и сега со секој поголем дожд имаме проблеми“, рече Трајчевски.
Градоначалничката Петровска посочи дека општината на својата веб-страница денеска ќе истакне повик до граѓаните кои што претрпеле штети да достават барање, за по комисискиот увид да им се даде одредена помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

