Македонија
Татеши: Ќе ја вратиме изгубената насмевка
Вчера, во Изборната единица 3, носителот на списокот за оваа единица, Беким Татеши, заедно со Арбен Таравари и Адмирим Алиу, од коалицијата „Алијанса-Алтернатива“ оствари средба со жителите на село Јаболчиште.
Во оваа пригода Татеши рече дека 15 јули ќе биде денот кога граѓаните ќе одлучат за себе и за иднината на земјата во која живеат.
„Ние одлучуваме тој ден дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад, сè зависи од вас, треба да знаеме дека не сме војска, не сме оружје, не сме куршуми. Куршуми за нас се само вашите гласови, тоа што ќе го заокружите на 15 јули, тие се куршуми со кои ќе ни дадете волја, ќе ни дадете сила да работиме“, рече Татеши.
Од друга страна, Арбен Таравари истакна дека д-р Беким Татеши води достоинствена кампања и тој е во водство 3-1 наспроти кандидатот на ДУИ.
Татеши потенцира дека промената ќе дојде токму од Јаболчиште и победата ќе биде на коалицијата АА-ААА.
„Ние ќе ги вратиме насмевката и раскошот во секој дел каде што има Албанци затоа што тие велат дека го изгубиле погледот кон тоа. Сега е време!“, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.