Македонија
Силјановска: Мора да почнеме од право и правда, а тоа од нас го бара и ЕУ
Гордана Силјановска-Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска посочи дека правото и правдата се клучни елементи и затоа мора да се почне со нив и да се стави акцентот во оваа област.
Говорејќи за актуелната политичка ситуација, Силјановска рече дека е крајно време со политика да се занимаваат луѓе кои се реализирани, кои не се корумпирани, кои не се криминализирани.
„Првото нешто што ни го бара Европската Унија е владеење на правото, затоа мора сè да почне оттука. Тоа е клучно. Сè ќе биде поинаку ако во Собранието седнат луѓе со знаење, ќе можеме со аргументи да правиме консензус за политики“, кажа Силјановска.
Професорката се осврна и за тоа кога еден јазик станува официјален во ЕУ.
„Тоа е редовна процедура. Во ЕУ постои рамка за употреба на јазиците, што значи тоа – кога ќе завршат преговорите се пристапува кон склучување договор, тоа е прво ниво, второ ниво е регулатива број 1 од 1958 година и на таа регулатива се поднесува амандман за јазикот на државата која влегува во ЕУ. И со овој последен чекор или со амандман јазикот на државата која станува полноправна членка во ЕУ станува и официјален јазик во ЕУ“, рече Силјановска, која укажа дека мултилингвализмот е главно во Европскиот парламент, а оти другите институции на ЕУ секоја има различно утврдени официјални јазици.
Силјановска говорејќи за договорите со Грција и Бугарија рече дека добрососедство може да има кога има заемна почит.
„Добрососедство може да има по прошка, а прошка може да има по извинување. Почит и разбирање не може да има без извинување. И самата ЕУ треба да тргне од суштината на добрососедството. Мислам дека ЕУ мора да се насочи на суштината на филозофијата на своето постоење бидејќи за да биде унијата, заедница мора да е втемелена на вредности. Во барање на решенијата треба да тргнеме од суштината, значи не може да зборуваме за добрососедство ако нема заемно почитување“, рече Силјановска пред споменикот на децата бегалци во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

