Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска заедно со Катица Јанева уживале во луксузот на Боки 13

Шекеринска и Заев се соучесници во криминално-рекетарските шеми. Тие знаеле и молчеле за милиони евра изнудени од бизнисмени во овие три години. Шекеринска уживала во луксузот на Боки 13, а знаела дека истиот нема толкави легални приходи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Лицемерно Шекеринска, политичкиот лик кој од транзицијата до ден денес егзистира во и од политиката, да говори за иднината на младите и за развој на економијата. Шекеринска е антипод на секоја политика на младите. Денес таа требаше да даде одговор што можеше, а не направи за младите во Македонија.
Целата јавност ја виде Шекеринска како седи на состаноци со Катица Јанева и Бојан Јовановски, место да работи во интерес на државата и младите. Поради погрешните политики и однесувањето на Шекеринска и таквите како неа во СДСМ, 80% од младите во земјава сакаат да заминат во странство. Поради неа 140 илјади млади живеат во сиромаштија, а во меѓувреме милиони евра се разнесуваат рекетирани пари низ државата. Шекеринска и Заев се прочитана книга. Младите, како и сите во Македонија својата поддршка ќе ја дадат на Обновата, затоа што во неа гледаат напредок и подобар стандард. Бидејќи Шекеринска, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на свивањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Стефковски: Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево

Градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.
„Образованието е темелот на силна и успешна иднина, затоа градиме ново училиште во Ченто и нова спортска сала во Црешево. Нашите деца веќе добија современи спортски сали во Стајковци и Булачани, простории каде растат здрави и успешни генерации. Но тука не застануваме, во следните четири години ќе изградиме нови спортски сали во Железара, Ченто и Страчинци. Инвестираме во младите, инвестираме во иднината на нашата општина. Не ветуваме туку, градиме и реализираме“, вели тој.
Соопштенија
Герасимовски: Не потрошив ниту денар за непродуктивни трошоци

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори.
Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот долг на општината којшто тој го наследил кога стапил на должноста и и најави дека веќе следната година, општината нема да има никаков долг.
„Не потрошив ниту еден денар од граѓаните на Центар, потенцирам, ниту еден денар, за патувања и оние непопуларни кафеани. Мислам дека сум единствен градоначалник во државата, кој не потроши ниту еден денар за непродуктивни намени, и сите пари, повеќе од 2 милиони денари ги пренаменивме за потребите на социјално ранливите граѓани“, рече Герасимовски.
Тој информираше дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар.
Соопштенија
Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на синоќешниот митинг во Кавадарци во рамки на кампањата за локалните избори меѓу другото се осврна и на актуелните политички теми. Николоски говореше за како што ги нарече црните и очајни коалиции.
„Доаѓајќи накај Кавадарци забележав дека се интензивира црната негативна кампања од нашите политички опоненти коишто се здружија со својата немоќ, се здружија свесни дека народот не ги сака и не ги почитува. Ова не се први избори на кои излегуваме, но можам да ви кажам дека вака рано, ваква црна кампања до сега не се случила, што само говори за очајот од една страна на СДСМ, која што нема никаков концепт и воопшто не се реформира и не ги учи грешките од минатото и од минатогодишниот пораз. Од друга страна ДУИ која што се уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а во суштина се длабока опозиција и ќе останат длабока опозиција после овие избори. И од трета страна Левица, која целосно се изгуби во една негатива и црна кампања, оние коишто се претставуваа себеси за најголеми патриоти, сега се слуги на ДУИ и на Али Ахмети, оние кои што се претставуваа за скромни, плачат четири, пет дена пари колку да земеле од државата. И сега трите обединето водат црна кампања“, кажа Николоски.
Николоски ги повика граѓаните да не подлегнат на нивната црна кампања и народот да не се демотивира, затоа што како што вели „не сме сите исти“. Николоски посочи дека за да ставиме точка на таа црна и очајна коалиција на СДСМ-ДУИ и Левица на 19 октомври масовно треба да се на гласање.
„На 19 октомври треба да се даде поддршката за кандидатите за градоначалници и листите за советници на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што разликата е многу голема“, заклучи Николоски.