Црна хроника
Возило удрило во пешак и во уште два паркирани автомобила во Кичево
Пешак доби тешки телесни повреди кога во него удрил автомобил.
Од МВР информираат дека настанот се случил вчера на улицата Исеин Акиоски во Кичево.
„Патничко возило ‘форд ескорд’, со охридски регистарски ознаки, управувано од С. Д. (21) од Кичево, удрило во патничко моторно возило ‘опел вектра’, со охридски регистарски ознаки, паркирано од М. О. (43) од Кичево, а потоа и во пешакот М. Ш. (60) од Кичево и во патничко возило ‘опел астра’ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В. Ш. (32) од Кичево. Во незгодата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Кичево“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

