Регион
(Видео) 17 граѓани на Украина сакале да влезат во Грција и покрај забраната

На атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ 17 државјани на Украина се во притвор, вклучително и деца, кои пристигнале во Атина од Киев и покрај забраната за летови од оваа земја.
Иако на државјаните на трети земји не им е дозволено да влезат во Европа, Украинците пристигнале во Атина со два лета на „Рајанер“ и „Визер“.
Еден од патниците, Максим, тврди дека тие биле строго контролирани на аеродромот во Киев, како и дека самостојно извршиле тестирање на коронавирус во родниот град.
Меѓутоа, кога пристигнале во Атина и по проверката, од Украинците било побарано да потпишат документ во кој тие ја даваат својата согласност за итно депортирање во нивната земја.
Тие одбиле и биле притворени.
Грчките власти им го одзеле багажот, вклучително и нивните лаптопи.
Сега Украинците протестираат против лошите услови во притворот тврдејќи дека им недостигаат основни работи, како тоалетна хартија и сапун, и дека никој не им обезбедил вода и храна.
Патниците стапиле во контакт со украинскиот конзул, кој ги информирал дека не им е дозволено да влезат во Грција и дека ќе треба да се вратат со истите летови. Двата лета се планирани за денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Татко и син нападнале лекари во итната помош: драма во БиХ

Денеска во Итната помош Зеница се случил инцидент кога татко и син физички го нападнале медицинскиот персонал.
Сè започнало кога во установата се обратил пациент од Зеница, жалејќи се на здравствени проблеми.
Тој бил сместен во просториите каде му била укажана лекарска помош, а во меѓувреме се појавил неговиот татко Е.К. (роден 1967 г.) кој се обидел да влезе во просториите.
Од Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон велат дека по пристигнувањето, персоналот го предупредил дека мора да чека поради тековните медицински процедури, пренесуваат тамошните медиуми.
Но, по вербален судир со медицинскиот персонал, Е.К физички ги нападнал и лекарот и тројца техничари. Набрзо му се придружил и синот кој бил пациент во оваа установа.
Ситуацијата потоа се смирила, додека вработените повикале полиција.
По пристигнувањето, полицајците ги привеле таткото и синот, додека лекарот и тројца техничари се здобиле со полесни повреди.
За настанот бил известен дежурниот обвинител, а таткото и синот се приведени поради сомнение за сторено кривично дело насилничко однесување и загрозување на сигурноста. За утре е најавена криминалистичка обработка на случајот, пренесува „Српска инфо“.
Регион
(Видео) Снежна пролет и во Грција: бура во Солун, снег го покри и Халкидик, сцените нереални

Од синоќа трае студената инвазија во Грција, која во бело обви неколку области од северниот дел на земјата. Од раните утрински часови врнежи од снег се забележани во планинските и на полупланинските делови на централна Грција. Во поголем дел од земјата се очекуваат врнежи, на североисток спорадично невреме, а попладне се очекува слабеење на овие појави.
Карактеристични се фотографиите од Солун, кој осамна со снежна бура во повеќе области, пишува „Прототема“.
Покрај тоа, падот на температурата денеска ќе биде позабележителен во централните и во северните делови од земјата. Од вторник, 8 април, ќе биде зафатен остатокот од Грција, а во повеќе области во северниот дел на земјата ќе има мразови, главно во утринските и во вечерните часови, до петок, 11 април.
В понеделник нешто пред 2 часот во Солун почна да врне снег.
Како што може да се види на фејсбук-профилот на Forecast Weather Greece, во интервали има многу обилни врнежи од снег и на Полигирос на Халкидик.
Силно невреме со град вчера го зафати северниот дел на Халкидик, а особено е интензивно во областа Палеохори и Мегали Панагија.
Регион
Ѓуро Мацут предложен за мандатар на новата влада на Србија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека за мандатар на новата влада е предложен проф. д-р Ѓуро Мацут.
Вучиќ рече дека новата влада ќе биде избрана до Велики петок и дека ѝ претстојат тешки задачи – дека земјата се спротивставува на сите притисоци во однос на регионалната политика, дека земјата го решава даночното прашање со САД, дека го забрзува европскиот пат, дека во исто време ги зачувува своите традиционални пријатели на истокот и го враќа нивото на инвестиции, и странски и домашни.
Да потсетиме, премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, бидејќи сметаше дека е објективно одговорен за нападот врз студентите во Нови Сад.
Српскиот парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што беше урната актуелната влада на Србија.
Рокот за избор на нова влада е 18 април.