Македонија
Богојески: Гласот за 10-ка е глас за победа на граѓаните врз политичарите
Носителот на листа за пратеници од Македонски концепт за ИЕ1 заедно со кандидатите за пратеници за ИЕ2, како дел од теренските активности – средби со граѓани денеска ги посетија пазарот во Бутел, Бит-пазар и Старата скопска чаршија.
„Не е проблемот само во Владата, туку во целиот политички систем кој си игра со животот на граѓаните веќе 30 години. Луѓето веруваа дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, СДСМ ќе донесе промени. Напротив, ништо не се промени. Но овој пат Македонски концепт нуди избор. Јас сум уверен дека на 15 јули граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и наместо да останат дома или да поништуваат гласачки ливчиња, одлучно ќе заокружат 10-ка. Затоа што глас за 10-ка значи глас за промена, глас за гаранција дека оваа власт ќе ја казниме, а нема да дозволиме ниту обнова на бандитизмот од минатото”, изјави Петар Богојески, лидер на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1.
Граѓаните на Македонија, додаде тој, заслужуваат држава во која може да живеат достоинствено.
„Ова е последна шанса да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10-ка за победа на граѓаните врз политичарите“, рече Богојески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.
Македонија
Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт
Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење.
Кај Цветен пазар вечерва е забележан багер и ископана е голема дупка, додека во близина тече вода по коловозот.
Засега е познато дека станува збор за уличен дефект, но не е соопштено кога состојбата ќе биде целосно нормализирана.
„Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Народен Фронт 5 до цветен пазар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Васил Ѓоргов и Народен Фронт од бр.5 до бр.21“, велат од ЈП Водовод и канализација.
Од претпријатието попладнево известија дека водата кај корисниците е сопрена во 13.30 часот и ќе остане така се’ до поправка на дефектот. Жители на Капиштец за „Макфакс“ велат дека кога прашале кога ќе биде пуштена водата, од службата за известување во „Водовод“ им кажале дека нема изгледи оти ќе го поправат дефектот денес.

