Регион
Во БиХ 244 нови случаи на коронавирус
Во Босна и Херцеговина се потврдени 244 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што земјата се доближи до рекордниот број новозаразени регистрирани во неделата кога имаше дури 289.
Како што објавија од ентитетските институции за јавно здравје, во изминатите 24 часа биле тестирани повеќе од 1.500 примероци, а инфекцијата е потврдена кај 123 лица од територијата на БиХ и кај 121 лице од Република Српска. Пријавен е и нов смртен случај поврзана со инфекцијата.
Поединечно, најголем број нови случаи има во Сараево, каде што се регистрирани 45 новозаразени, по што следуваат Бјелина со 25 случаи и Бања Лука со 16.
Според збирните податоци, вкупниот број заразени лица со коронавирус во БиХ од почетокот на епидемијата сега е речиси 5.900, со 208 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица
Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет лица беа примени во болница во Тузла во текот на вечерта.
Пожарот се проширил на седмиот кат од зградата каде што биле сместени лицата со попреченост во Домот за стари лица, пренесува Кликс.
Според неофицијални информации, жртвите најверојатно починале од задушување.
Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи се испратени на местото на настанот. Пожарникарите сè уште го гаснат пожарот. Тој беше локализиран околу 22 часот, потврди Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон.
Лекарите ги лекуваат повредените. Меѓу примените во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, повеќето се оние кои биле отруени со јаглерод моноксид.
Амбулантни возила постојано пристигнуваа во болницата.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Пожарот избувнал на еден од катовите што се наоѓа на горниот дел од зградата, што го отежнало гаснењето на пожарот.
Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до зградата, да дозволат премин и работа на екипите за итни случаи и да ги следат упатствата на полициските службеници на терен.
Пожарникарите од Јавната противпожарна служба на Тузла се на местото на настанот, а повикани се и екипи од Сребреник, Живинице, Лукавац и Калесија. Испратени се и служби за итни случаи од неколку општини во кантонот Тузла.
фото: принтскрин
Регион
ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ
Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на својот пат кон ЕУ во изминатата година, додека другите земји-кандидатки ќе мора да инвестираат повеќе, изјави денес комесарката за проширување Марта Кос.
„Значителниот напредок постигнат досега од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина на нивниот пат кон ЕУ покажува дека реформите се исплатуваат. Ова треба да послужи како силна мотивација за сите земји вклучени во процесот“, рече Кос, презентирајќи го извештајот за напредокот на земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
Кос нагласи дека проширувањето на Европската Унија би можело да стане реална можност со оглед на забрзаното темпо на конвергенција на некои земји. За да се случи проширувањето, земјите-кандидатки треба да се подготват да ги преземат одговорностите за членство, додека Европската Унија треба да се подготви за проширување, додаде Кос.
Кос нагласува дека следната година ќе биде „момент на вистината“ за сите земји-кандидатки, особено за оние со амбициозни планови за завршување на преговорите.
Фото: принтскрин
Регион
Едно лице убиено, две повредени на грчкиот остров Евија
Дваесетгодишен маж беше избоден до смрт, а уште две лица беа повредени во два одделни инцидента на грчкиот остров Евија, соопшти полицијата.
Службениците изјавија дека случаите би можеле да бидат поврзани со насилство на фудбалски натпревари, објави „Ројтерс“.
Пет лица се уапсени, вклучувајќи двајца повредени мажи, а најмалку осум лица наводно биле вклучени во насилството, изјави портпаролката на полицијата, Константина Димоглида, за грчката телевизија „Скај“.
Полицијата истражува дали инцидентите биле мотивирани од конфликт меѓу навивачи на два сопернички фудбалски тима.
Податоците на полицијата покажуваат дека бројот на насилни инциденти поврзани со спортот се удвоил, од речиси 300 случаи во 2020 година на 700 годишно, а службените лица исто така истакнуваат дека постои можна врска меѓу хулиганите и криминалните банди.
Фото: принтскрин

