Македонија
(Видео) Мицкоски: Заев говори за федерализација на Македонија
Реалноста во којашто сега живеат граѓаните е тешка, мачна, а ова политичко мочуриште изобилува со многу неправда и понижување, порача од собирот во Дојран, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ова е тој момент, ова е таа раскрсница во којашто ние треба да го избереме вистинскиот пат. Дали ќе зборуваме за политичари коишто се присутни на политичката сцена уште во времето на транзицијата, истрошени, потрошени, кои што буквално немаат што да понудат? Или политичари кои имаат визија, стратегија, план како да се справат со предизвиците што ни се испречени на патот“, нагласи Мицкоски.
Тој изрази убеденост дека секој еден граѓанин полека се буди и се обединува околу обновата која, како што кажа, ќе победи на 15 јули.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека за Заев да дојде на власт како влог ја става Македонија и говори за нејзина федерализација.
„Јас ви ветувам дека никој повеќе по 15 јули нема да владее со овој народ. Туку ќе работи заедно со народот и во интерес на народот. Доста беше од политичари или министри коишто одлучуваат во канцеларии. Нам ни се потребни современи европски, народни политичари коишто заедно со народот ќе ги креираат проектите за иднината на сопствената земја“, порача Мицкоски и од Дојран вети дека по 15 јули, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, ќе дојде и правдата во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

