Регион
Во Задар коронавирусот се проширил на свадба со 300 гости
Во областа на Задар заразени се уште три лица, кои биле во контакт со заболен здравствен работник што пред пет дена бил на свадба со 300 гости.
„Заболената млада жена, која е здравствен работник, пред пет дена била на свадба во областа на Задар. Утрово не контактираа повеќе луѓе од таа венчавка. Опишаа симптоми карактеристични за инфекција со коронавирус. Ние ги тестиравме и сите тие се позитивни“, потврди за новинарите епидемиологот Алан Медиќ.
Со оглед на тоа дека на свадбата имало 300 луѓе, Медиќ очекува да има и други со слични симптоми во наредните денови.
„Апел до сите кои биле во близок контакт со заразените да се јават кај матичниот лекар или епидемиолошката служба со цел да се одреди мерка за самоизолација. Исто така, ги замолувам сите што биле на свадбата да се однесуваат одговорно во наредните денови”, рече Медиќ додавајќи дека досега сите откриени случаи се со благи симптоми.
Како што кажа епидемиологот, добра вест е дека заболените се претежно млади луѓе чија клиничка слика не е тешка, односно се карактеризира со главоболка или малку покачена температура. Сепак, ризично е тоа што овие млади луѓе се жариште на инфекција што може да ги загрози постарите и хронично болните.
Во моментов во самоизолација се 40 лица кои биле на свадбената прослава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Тепачка во српскиот парламент
Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнале владините членови.
Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанале во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имало жестока расправија, пишуваат тамошните медиуми.
Пратениците од опозицијата им извикуваа „убијци, убијци“ мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на натстрешникот на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
SNS.Sramota Srbijeje razvila transparent da oni grade a žuti kradu. O Sunce ti kalajisano……….!
Je li ovo prerijsko goveče što se tiče u Skupštini. pic.twitter.com/QKObClnvhN— Darko@Darko0209 (@darko02091) November 25, 2024
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири пратениците.
Funkcioner i narodni poslanik Srpske napredne stranke Igor Bečić nasrnuo je u skupštinskoj sali na poslanicu @SlobodaIPravda – @MarinikaTepic! pic.twitter.com/lbicotJGse
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 25, 2024
Брнабиќ потоа ги повика пратениците да се вратат во своите клупи.
Според написите, тие набргу се вратиле, но дискусијата не продолжи, пратениците од опозицијата продолжија да стојат и да извикуваат „убијци, убијци“.
Регион
Блажиќ: Цел живот се жртвував, знам што ме чека, мртов сум
Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата кај Младеновац, во кој беа убиени девет лица. На почетокот на судењето, Стефан Стефановиќ, адвокатот на семејствата на убиените деца, побара како доказ да бидат доставени IP-адресите на Урош Блажиќ, на татко му, како и на сите луѓе со кои комуницирал непосредно пред масакрот, а потоа пред присутните се обрати првообвинетиот Блажиќ, пишуваат медиумите во соседството.
„Сакаме да бидат доставени сите IP-адреси, не е утврдено дали имало влијание однадвор дека е извршен овој масакр. Не утврдивме дали имало планови или имало влијание од странство. Немаме пораки, немаме повици. Семејствата инсистираат на тоа“, рече Стефановиќ.
Обвинителите тогаш се спротивставија на предлогот и нагласија дека IP-адресите нема да донесат нови докази и дека постапката само ќе се одолжува.
Тогаш обвинетиот Урош Блажиќ побара од судијата да ја дополни неговата одбрана.
Родителите на убиените деца се побунија.
„Сфатив дека сите сте во право тука. Ви благодарам што сте толку љубезни кон мене, заслужив полоши зборови и осуда. Барав мотив, но нема мотив толку многу луѓе да загинат. Цел живот глумев, се жртвував, замислував дека сите ме мразат, а овие млади сакаа да ми помогнат, а јас бев арогантен. Одбив да ја прифатам вината, извинете што не го кажав ова веднаш. Сакам да изразам најдлабоко сочувство. Не можам да го минимизирам ова. Мојата судбина е во ваши раце, сакам најстрога казна. Да ми дадете да потпишам да ми го извадат окото и да ѝ го дадат на Анѓела, да ми ги земат ногата и ‘рбетниот мозок и да им ги дадат на другите повредени“, рече Блажиќ и додаде:
„Знам што ме чека, јас сум мртов човек“.
На Урош Блажиќ му се заканува казна од 20 години бидејќи во моментот на делото сè уште немал 21 година, пренесуваат српските медиуми.
Регион
Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград
Жената која преживеа тешка сообраќајна несреќа во Раковица, населба на југот на Белград, од саботата е хоспитализирана. Имено, како што пишува Телеграф.рс, во неа на пешачки премин удрил возач на автомобил „ситроен“. Вториот возач кој управувал автомобил „БМВ“ не закочил навреме и го прегазил телото на жената.
На двајцата возачи им било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека не биле под дејство на алкохол. Жената била примена во болница со тешка повреда на слезината и повреди на главата.
За случајот е известено Второто основно јавно обвинителство Белград, кое и наложило на полицијата да ги достави извештаите за незгодата, да изврши вештачење на возилото и да обезбеди снимка од камерата.