Забава
Џони Деп ја нападнал сопругата во авион, тврди адвокатот на „Сан“
Холивудската ѕвезда Џони Деп ја удрил поранешната сопруга Амбер Херд на приватен лет во пијана состојба затоа што верувал дека има афера со актерот Џејмс Франко, според тврдењето на тимот адвокати на британски „Сан“.
Деп во судскиот процес за клевета против британскиот таблоид „Сан“, кој тој го поведе поради статија во која весникот го опишува како тепач на жени, негира дека ја нападнал Херд обвинувајќи ја неа дека таа е агресорот и дека тој само се обидувал да ја смири.
Во текот на првите два дена од она што се очекува да биде тринеделен процес во лондонскиот Висок суд, тимот што го застапува таблоидот тврдеше дека Деп пиел и се дрогирал. Адвокатите исто така говореа и за неговиот однос со Херд, со коа се ожени во 2015 година. Таа поднесе барање за развод 15 месеци подоцна.

Во средата главниот протагонист во „Пиратите од Карибите“ беше обвинет за напад врз сопругата при лет од Бостон за Лос Анџелес по наводна караница за Џејмс Франко, кој глумеше со неа во филмот „Дневниците на Адерал“.
За време на летот, „Деп ја навредувал Херд со погрдни зборови, рекол дека сака секс помеѓу снимање кадри и ја нарекол курва“, рече Саша Вас, адвокат на „Сан“.
„Во слеп бес тој ја удрил по грбот додека се обидувала да се оддалечи од него и ѝ удрил шлаканица по лицето“, рече Вас.
Деп ги негира обвинувањата.
„Јас не сум насилна личност, особено со жени“, изјави тој во судницата во средата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

