Македонија
Спасовски: За 5-6 години, ќе го завршиме преговарачкиот процес со ЕУ
Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Најавувам дека во следните 4 години ќе отвориме 80 % од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5-6 години, ќе го затвориме преговарачкиот процес, порача во Чаир, Оливер Спасовски, носителот на листа во ИЕ 2 од коалицијата „Можеме“.
„Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи“, појасни Спасовски.
Рече и дека под водството на СДСМ ќе продолжи концептот за повеќе пари кај граѓаните, за поголем економски стандард на сите.
„Минималната плата ја зголемивме на 14.500, а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари, што е дури 120 % повеќе од 9 илјади денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот да биде до 34.000 денари. Предвидуваме раст од најмалку 21 отсто на најниските пензии и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. ВМРО-ДПМНЕ беше против секое зголемување на платите и пензиите досега“, истакна носителот на СДСМ.
Тој ги повика граѓаните да излезат да гласаат истакнувајќи ги разликите меѓу демократското и просперитетно владеење на СДСМ со режимот кој, како што посочи, го креирал ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

