Свет
Советот за безбедност ја отфрли руската резолуција за испораките на помош за Сирија
Советот за безбедност на ОН ја отфрли предлог-резолуцијата поддржана од Русија за испорака на хуманитарна помош во Сирија преку еден премин на границата со Турција, изјави за ТАСС извор во организацијата.
Седум земји гласаа против резолуцијата (Велика Британија, САД, Франција, Белгија, Германија, Доминиканската Република и Естонија), четири „за“ (Русија, Кина, Виетнам и Јужна Африка), четири воздржани (Индонезија, Нигер, Сент Винсент и Гренадини и Тунис).
Гласањето беше спроведено во писмена форма како резултат на ограничувањата во седиштето на ОН наметнати поради пандемијата на коронавирусот.
Рускиот предлог предвидува продолжување на механизмот за хуманитарна испорака до погодените региони во Сирија за уште шест месеци, но ограничување на бројот на граничните премини за овие испораки на еден објект – контролниот пункт Баб ал-Хава на турско-сириската граница.
На 7 јуни Русија и Кина ставија вето на нацрт-резолуцијата од Германија и Белгија, во која се предлагаше да се остават отворени два гранични премина за испорака на помош во Сирија. Сегашниот договор за испорака на помош во Сирија истекува на 11 јули. Затоа, Советот за безбедност има 48 часа за да постигне компромис.
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, Василиј Небенза, во вторникот изјави дека Русија смета оти е неопходно постепено да се ограничува прекуграничниот механизам за помош за Сирија.
Според Небенза, ситуацијата во Сирија драстично се променила во последните шест години, а територијата контролирана од сириската влада значително се зголемила. Затоа, хуманитарната помош за тие региони може да се спроведе во координација со сириската влада.
Советот за безбедност на ОН донесе одлука да ги почне прекуграничните хуманитарни операции во Сирија во јули 2014 година. Во јануари 2020 година ја продолжи релевантната резолуција за шест месеци, но бројот на контролните пунктови беше намален од четири на два на границата со Турција.
Во јули спонзорите на резолуцијата, Германија и Белгија, предложија продолжување на работата на две точки за една година со можност за отворање друг контролен пункт. Русија и Кина се спротивставија на оваа иницијатива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Родители го продале бебето за 7.000 евра, и со парите си купиле автомобил, романската полиција ги бара
Романската полиција бара две млади лица, на возраст од 18 и 21 година, кои се осомничени дека го продале своето дете, старо само три недели, за 7.000 евра во текот на летото. Се сомнева дека парите ги искористиле за да купат автомобил.
Судот во Горж, исто така, нареди апсење на 47-годишен маж кој, според обвинителството, го купил бебето и лажно се претставил како негов татко.
Според медиумите, детето е продадено на семејство од Горж.
Обвинителството за борба против организиран криминал и тероризам, територијална канцеларија во Горж, објави дека е покренато барање за притвор против 47-годишен маж под сомнение за трговија со малолетници, давање лажни изјави и учество во фалсификување службени документи.
„Осомничениот платил 7.000 евра за детето на младиот пар и лажно изјавил дека му е татко“, се вели во соопштението.
Двајцата млади родители, кои моментално се во бегство, се обвинети дека го продале своето дете, а потоа ги искористиле парите за да купат автомобил.
Според истрагата, 47-годишниот маж ги убедил родителите да му го предадат тринеделното бебе во август 2025 година, по што лажно изјавил во матичната служба дека е татко на детето. Таа изјава е внесена и во изводот од матичната книга на родените.
После тоа, осомничениот, со помош на нотар во округот Клуж се обидел да добие пасош за бебето и да овозможи негово изнесување од земјата. Врз основа на фалсификувани документи, службата за издавање пасоши во Горж му издала пасош на име на детето.
За време на претресот на куќата на 47-годишниот маж, полицијата пронашла бебе и веднаш го презела надлежната служба на полицијата во Горж.
Обвинителството објави дека мажот е уапсен, додека потрагата по неговите родители е во тек.
Свет
Хаос на аеродромот во Берлин, дрон го парализира сообраќајот, десетици летови беа пренасочени
На аеродромот во Берлин синоќа, дрон предизвика прекини oд два часа во воздушниот сообраќај, пришто дојде до бројни доцнења и пренасочување на летовите, објавува „Билд“.
Во тој период беа пренасочени 11 летови, од кои четири авиони слетаа во Лајпциг, четири во Дрезден и три во Хамбург.
Откажани се два лета за Лондон, Бирмингем и Стокхолм.
Многу други авиони кружеа над Берлин чекајќи дозвола за слетување. Според портпаролот на полицијата на Бранденбург, дронот бил забележан од сведок, што подоцна го потврдила полициска патрола.
Иако дронот исчезнал од видно поле, полицијата продолжила со пребарувањето, користејќи хеликоптери и копнени патроли. Иако аеродромот е повторно отворен за сообраќај, воведена е промена во ноќните летови.
Според одлуката на контролата на воздушниот сообраќај, авионите можат да полетуваат до 1 часот наутро, додека слетувањата траат до 4 часот наутро. Овие промени важат за ноќното работење на аеродромот од безбедносни причини.
Бројот на инциденти со дронови на германските аеродроми драматично се зголемува. Според извештаите, сообраќајот на аеродромот во Минхен бил нарушен и во октомври поради сличен инцидент.
Свет
Трамп: Нема нови трговски преговори со Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Канада нема повторно да ги започнат трговските преговори.
Канадскиот премиер Марк Карни му се извинил на Трамп поради политичка реклама во која се користи аудиоснимка од поранешниот американски претседател Роналд Реган, во која се вели дека царините се почеток на катастрофа.
„Многу го почитувам, но тоа што го направија беше погрешно. Ми се извини за рекламата, бидејќи беше лажна,“ изјави Трамп.
Поради спорната реклама, тој минатата недела ги откажа трговските разговори и најави зголемување на царините за 10 отсто на канадски производи, без да прецизира на кои сектори се однесува мерката.
Рекламата, финансирана од покраината Онтарио, се емитувала на неколку американски телевизиски канали и содржи говор на Реган од 1987 година во кој тој ја брани слободната трговија и предупредува дека царините предизвикуваат загуба на работни места и трговски војни.

