Македонија
Заев oд Шуто Оризари: За ромската заедница ќе има посебен буџет

„Нема да застанеме додека квалитетот на живот на Ромите не биде ист со квалитетот на живот со сите други граѓани во нашата држава, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа на граѓанската трибина во Шуто Оризари.
Во сплотеноста е силата, порача Заев, посочувајки на едниството на сите етнички заедници денес, што се гради преку концептот едно општество за ситe.
„Посебен буџет ќе има за ромската заедница за да може квалитетот на живот да го поткренеме, државата мора да биде мајка на сите“, рече Заев, кој зборуваше и за еднакви шанси за вработувања Роми во администрацијата, решенија на неопределено време за вработени Роми, вложувања во капитални инвестиции во општината.
Заев посочи дека по сите потценувања кон граѓаните Роми, режимската ВМРО-ДПМНЕ нема право да го бара нивниот глас. Тој најави и повисока социјална помош и покачување на платите.
„Знам што значи давање плата, што значи менаџмент, водев општина, водев фирми. Дадов збор, ќе носиме одлуки – носевме одлуки, ќе покачиме социјална помош, плати – покачивме, ќе бидеме еднакви – единствени сме и ова е нашата татковина еднаква на сите. Северна Македонија ќе ја направиме и економски тигар на Балканот“, најави претседателот Заев.
Тој направи разлика со неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие калкулираа, ние носевме одлкуки. Бидете горди, имаме држава признаена од целиот свет. Секоја мајка – Македнока, Ромка, Албанка, денес знае дека децата нема да ги испрааќа во војна. Ако некој се чепка со Македонија, се чепка со САД или со другите земји членки на НАТО“, рече претседателот Заев.
„Секој излезен е глас – влог во татковината“, порача претседателот на СДСМ, Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини без гужви

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Од петок се очекува постепен пораст на температурата.
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Петровец, Илинден и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од општините Аеродром, Петровец, Илинден и Карпош.
Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 28.07.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од ул. Тодор Чангов – крак 49 ( општина Аеродром ) како и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци. ( општина Петровец )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците во село Мршевци, објектите на фирмите Фреш Фарм, Солар Ентра, Мијак, Си Мао и Солант, како и корисниците од селата Бунарџик и Ајватовци. ( општина Илинден )
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Нерешка. ( општина Карпош )