Забава
Оскар Исак и Мишел Вилијамс ќе глумат во адаптација на „Сцени од брачниот живот“

Оскар Исак неодамна рече дека нема да глуми во високобуџетски филмови и дека планира да се фокусира на римејк на класици.
И се чини дека ќе му се исполни желбата откако „Варајати“ објави во четвртокот дека актерот ќе глуми со Мишел Вилијамс во адаптација на еден безременски филмски класик од 1973 година.
Исак и Вилијамс ќе глумат во „Сцени од брачниот живот“ (Scenes From a Marriage) на шведскиот режисер Ингмар Бергман, што ќе се прикажува на стриминг-платформата ХБО.
Адаптацијата на делото на шведскиот режисер за распаѓање на меѓусебната врска на една брачна двојка е нарачано како кратка серија од страна на ХБО.
Оригиналот на Бергман се емитуваше на шведската телевизија во шест епизоди, со Лив Улман и Ерланд Јoсeфсон во главните улоги.
Според „Варајати“ верзијата на ХБО ќе ја преиспита визијата за љубов, омраза, желба, моногамија, брак и развод преку леќите на современа американска двојка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Паста диета: можете да изгубите 3 килограми за само 5 дена

Диетата со шпагети трае само пет дена и ви овозможува да изгубите до три килограми. Кога избирате тестенини, обидете се да ги изберете оние од цело зрно, кои се особено богати со хранливи материи и витамини.
Ден 1.
Појадок: парче леб намачкано со крем сирење, украсено со киви одозгора.
Ручек: варени шпагети (70 г), за сосот користете половина кромид, 2 домати и 150 грама печурки на пареа и зачинете сè со лута пиперка.
Вечера: тестенини (70 г), пиперка (3 парчиња), 2 домати и малку рендано сирење.
Ден 2.
Појадок: чаша јогурт (1,5% масленост) со две лажици овесни снегулки и половина јаболко.
Ручек: сварете 70 грама тестенини, со 1 лажица доматен сос и тиквички.
Вечера: топли тестенини (40 г), 1 домат, маслинки, 3 млади кромиди и 40 г сирење. Зачинете со маслиново масло и сок од лимон.
Ден 3.
Појадок: овошна салата од мандарина, 1/2 јаболко, киви и 1/4 банана.
Ручек: шпагети (70 г), сос од 3-4 домати, грашок и 1 морков.
Вечера: 70 г сварени тестенини со сос (2 лажици доматно пире и малку кромид).
Ден 4.
Појадок: тост со сирење и парче киви.
Ручек: сварете 70 грама тестенини, послужете со 150 г варен зеленчук (грав, моркови, грашок, карфиол). Посипете со рендано сирење.
Вечера: шпагети (70 г), 1 краставица, портокал за десерт.
Ден 5.
Појадок: јогурт и јаболко.
Ручек: Сварете тестенини (70 г), додадете малку брокула (150 г), додадете рендано сирење, лук и пипер.
Вечера: 40 г тестенини со сирење, 4 маслинки и домати. Зачинете со 1 лажичка маслиново масло, сок од лимон и пипер.
Забава
(Фото) Се соблече гола за својот 60-ти роденден: „Вљубена сум“

Актерката и модел Елизабет Харли го прослави својот 60-ти роденден на 10 јуни и ги воодушеви своите обожаватели со неочекувана фотографија од неа – целосно гола.
Британската заводничка, која на 59 години беше прогласена за најсекси жена на светот, а воедно ја носи и титулата кралица на бикини, објави фотографија во топлес на својот роденден, заедно со тоа што му кажа на светот дека е вљубена.
„Среќен роденден! Оваа година веќе беше лудо возење. И… јас сум вљубена. Се чувствувам толку благословена и благодарна што ги имам најдобрите пријатели и семејство на светот. Фотографијата е направена денес попладне… во мојата роденденска облека“, напиша Елизабет Харли.
На фотографијата што го направи машкиот пол најсреќен, а воедно предизвика и возбуда на Инстаграм, таа позира седејќи на тревата со скрстени нозе, така што иако е целосно гола – ништо не се гледа. Широката насмевка на нејзиното лице кажува колку е среќна, а објавата ја коментираше и нејзиниот нов партнер Били Реј Сајрус, кој кратко напиша: „Те сакам“.
Тој објави нивна заедничка фотографија на својот профил со пораката: „Среќен роденден на љубовта на мојот живот“.
Забава
Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот – една намирница што сите ја сакаме

Летото речиси започна, иако можеби не според календарот, но сме сведоци на жештините, па затоа е крајно време да се подготвиме за морето и новата сезона на бикини. Сепак, тие фрустрирачки наслаги околу стомакот едноставно не ве напуштаат? Не очајувајте, постои едноставно решение за тоа.
Нутриционистката Роксана Ехсани ја откри тајната за витка фигура: обичен, обезмастен грчки јогурт.
Висцералните масти, кои се акумулираат длабоко во стомакот, можеби се невидливи однадвор, но имаат сериозни здравствени последици. Го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и други сериозни состојби. Но, и за тоа постои решение – променете ја исхраната.
Додадете обичен, обезмастен грчки јогурт во вашата исхрана. Студиите покажаа дека исхраната богата со протеини, калциум и витамин Д може да ги намали висцералните масти.
Грчкиот јогурт е богат со протеини, што ви помага да се чувствувате сити и спречува прејадување. Исто така, содржи пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата.
Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот.