Македонија
Села: Патот Тетово – Јажинце и жичницата на Шапка ќе станат реалност
Носителот на списокот на кандидати за пратеници на коалицијата АА – ААА во Шестата изборна единица, Зијадин Села, заедно со другите кандидати од оваа област оствари средба со жители на Дреновец во Тетово. Пред овие жители Села објасни како програмата „Држава за сите“ ќе успее да донесе 500 милиони евра инвестиции за ревитализација на албанските населби.
Според него, победничката коалиција „Сега е време“ ќе знае да ги заштити даноците што ги плаќаат албанските граѓани и ќе ги претвори во инвестиции.
„Патот Тетово – Јажинце е пат на кој секојдневно се движат над 9 илјади возила. Досега инвестициите одеа на експресни патишта и автопати во источна Македонија, каде што просечниот сообраќај е 3 илјади автомобили на ден. Со 9 илјади автомобили дневно што кружат и даноците и акцизите што ги плаќаат за горивото што го трошат, овој пат може да се направи. Некој ги краде нашите пари. Имавме претставници што не го штитеа албанскиот данок“, рече Села.
Тој зборуваше и за Попова Шапка и за нејзината деградација од страна на сегашната Влада. Овој туристички центар со програмата „Држава за сите“, ќе биде ревитализиран и ќе биде голема помош за планините и општо за тетовци бидејќи ќе ја одржи економијата жива во овој регион.
„Ќе гарантираме дека туристичкиот центар Попова Шапка ќе биде ревитализиран многу бргу. Жичницата ќе биде реалност многу бргу за Тетово и за сите Албанци затоа што таа област, дефинитивно, ќе мора да оживее за да се одржат работните места, но и Тетово со економски развој“, истакна, меѓу другото, Зијадин Села пред жителите на Дреновец во Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

