Црна хроника
Го однеле во парк-шумата во Гази Баба и го тепале поради долг од 6.000 евра
Двајцата соизвршители, 33-годишен охриѓанец и 31-годишен скопјанец, ќе одговараат за самовластие.
Тие на 29 јуни со возило пристигнале пред домот на оштетениот. Кога го забележале, го повикале да влезе во автомобилот, па без негово знаење се упатиле кон парк-шумата во Гази Баба, Скопје. По пристигнувањето, обвинетите физички го нападнале оштетениот удирајќи го со гумена палка по телото, барајќи од него да го врати долгот од 6.000 евра што тој го имал кон првообвинетиот. По извесно време, двајцата обвинети соизвршители го внеле оштетениот во возилото и го однеле во неговиот стан, кој како гаранција за земените пари оштетениот му го предал во владение на првообвинетиот.
Во станот обвинетите лица продолжиле да го удираат оштетениот заканувајќи му се дека доколку не ги врати парите, ќе го запалат заедно со неговиот стан. Од нанесените удари оштетениот добил видливи повреди и подливи по телото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.