Македонија
(Видео) Шекеринска: Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет
Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска беше во работна посета на Курбиново, каде што во тек се интензивни конзерваторски зафати.
„Курбиново беше болната точка на нашата држава. Додека се трошеа парите на граѓаните на безвреден стиропор и споменици, нашиот вистински споменик на културата, традицијата и македонското средновековно сликарство, црквата ‘Св. Ѓорѓи’ во Курбиново, која опстојува 9 века, беше на работ на уништувањето. Додека целиот свет се восхитуваше на црквата во Курбиново, на фреската ‘Ангелот од Курбиново’, на фреската која е на банкнотата од 50 денари, а се пишуваа книги и научни статии за нивната оригинална вредност, влагата го подјадуваше фрескоживописот и црквата чекаше подобри времиња“, рече Шекеринска.
Таа рече дека во тек се темелни конзерваторски зафати на средновековната црква.
„Милиони евра беа фрлени на стиропор, ниту денар за Курбиново. Милиони, пари на граѓаните, беа фрлени во ветер, ниту денар во македонското автентично културно наследство. Тоа време заврши. Ја вративме државата на вистинскиот пат, ја поврзавме со светот, ги вративме парите на граѓаните и го зачувавме идентитетот. Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет, а грижата за него е силен доказ за вистинскиот автентичен патриотизам“, изјави министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%, соопшти СДСМ
„ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%. СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија“, велат од СДСМ.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.
Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.
Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работи
Нивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО“, соопштува СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.
Македонија
(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица
„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор од владините функционери на ДПМНЕ коишто продолжуваат по стапките на нивните претходници од СДС“, велат од Левица.
„Прашањето на пратеникот од Левица, кое не наиде на одговор беше: Зошто и владата предводена од ДПМНЕ, наместо да ја укине т.н. мешовита историска комисија, која е надлежна да ја ‘ревидира’ историјата на Македонија – тие ја ‘реконструираат’, во целост го почитуваат францускиот предлог и договорот со Бугарија?!
За да избегнат одговор на ова прашање, функционерите од ДПМНЕ предизвикаа тепачка во Собранието, провоцирајќи, силејќи и пцуејќи го лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и неговото семејство“, соопшти Левица.