Македонија
Ахмети од Тетово: На 16 јули ќе се пее нова песна

Демократската Унија за Интеграција пред граѓаните на Тетово ги претстави постигнувањата и целите за новото владеење кое очекува да го раководи првиот премиер Албанец.
Пред присутните говор одржаа градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, членот на Централниот Изборен Штаб, Фатон Ахмети, кандидатите за пратеници во 6-та Изборна Единица,Бајрам Реџепи, Фиснике Бектеши Шаќири, како и Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Ахмети пред граѓаните на Тетово рече дека се направени многу напори, а историјата не може да се напише без, како што вели, славната историја која со крв е напишана во ова подрачје.
„Но историјата која што е направена последните години ќе биде главна за нас како Албанци, како големи придонесувачи бидејќи ова земја оди во права насока. Ние ќе продолжиме да работиме за новото поглавје што го отворивме за да им го зацрстиме достоинството, благосостојбата, економијата на сите граѓани на ова земја. Местото на Македонија е во Европа и ова земја треба да ги исполни сите стандарди и обврски кои го забрзуваат овој пат, и јас сум убеден и ова сигурност ја наоѓам во кадарот, кај луѓето на Демократската Унија за Интеграција како голема инвестиција во ова земја“, истакна Ахмети.
Претседателот на ДУИ објасни дека за овие години се направени напори за да се зближат заедниците, но не може да се замолчи кога се слушаат денешните изјави дека имало Албанци кои се продаваат за пет денари.
„Со овие изјави, во гроб ги превртуваат сите тие кои пролеале крв и направиле голем дела во ова земја, да не заборават дека коските во гроб им ги превртуваат на Мехмет Акиф Паша, Дервиш Цара, Реџеп Вока и Мехмет Гега, немојте да им ги чепкате раните во нивниот гроб, тие рани кои ги создавала ОЗНА, УДБА и новите УДБАШИ. Не чепкајте во гробот и раната на Мујдин Алиу, немојте затоа што уште болат раните на Иса Лика, бидејќи нема да простиме“, рече Ахмети.
На крај на неговиот говор, Ахмети ги повика собраните граѓани на плоштадот во Тетово на 15 јули што по масовно да излезат бидејќи тоа е единствениот начин да се материјализира албанскиот глас, со гордост да се гласа за бројот 9, а потоа на 16 јули да се пее нова песна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.