Македонија
Собранијата при универзитетите потпишаа Декларација за млади, образование и иднина
Во Паркот на новинарите денеска беше потпишана Декларација за млади, образование и иднината од страна на Универзитетските собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев и претставници на политичките партии од СДСМ и Коалиција Можеме, ДОМ, ВМРО ДПМНЕ – Коалиција Обнова за Македонија, ДПА, Македонски концепт и Глас за Македонија.
Од Студентското собрание на УКИМ велат дека причината за организирањето на ваков собир е катастрофалната ситуација во која се наоѓа високото образование.
„Потребата од потпишување на декларацијата доаѓа од деценискoто отсуството на политичка волја за сериозни реформи во образованието. ,,Образованието е темелот на едно општестно и не смееме да дозволиме истото да се уништува само поради некадарност во политичките партии или уште полошо, да дозволиме образованието да биде жртва на коалициски трговии“, изјави Борјан Ефтимов, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
Велат дека овој документ нема инстантно да го спаси образованието со оглед на катастрофалната состојба во која се наоѓа, но конечно ќе отпочне процес на вистински и сериозни реформи кои се многу потребни. Порачуваат дека државата мора да се фокусира на државното образование и неговиот спас бидејќи само преку инвестиции во јавниот образовен систем може да обезбедиме напредок на општеството, но и еднакви можности за секоја индивидуа, без разлика на социјалната положба.
„Ние студентите, сме желни за промени во образованието, доста беше од препишани и пропаднати реформи. Време е да го прекинеме синџирот на лоши реформи и апатични министри и да се издигнеме образованието на повисоко ниво. Македонија има квалитетни студенти, желни за работа и за надоградување, дозволете им да се надоградуваат дома, во својата земја“, рече Ефтимов.
На денешниот настан беа поканети сите политички партии. Декларацијата ја потпишаа претставници на шест партии: Дарко Каевски СДСМ – Коалиција Можеме, Никола Димитров СДСМ – Коалиција Можеме Маја Морачанин ДОМ – Коалиција Можеме, Тимчо Муцунски ВМРО – ДПМНЕ – Обнова на Македонија Синиша Стојановски ВМРО – ДПМНЕ Обнова на Македонија Љупчо Божиновски Македонски концепт, Висар Палоши ДПА, Татјана Гогоска Глас за Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта.
Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител.
A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.
И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал“.
Исти методи, исти шеми, исти луѓе, додаваат од СДСМ, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.
Крадењето, додаваат од опозициската партија мора да запре.
„За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законо“.
Македонија
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.
На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.
„Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион“.

