Свет
Ќерка на полицаец од Тексас убиен во заседа нападната поради твит

Ќерката на еден од двајцата полицајци убиени во заседа викендов во Меклен, Тексас, беше жестоко нападната на Твитер за објавување на хаштагот #bluelivesmatter како трогателно оддавање почит на својот починат татко, пренесува „Њујорк пост“.
Савана Чавез, ќерка на убиениот полицаец Исмаил Чавез (39), го објавила сега веќе избршаниот твит во саботата, истиот ден кога нејзиниот татко и неговиот колега од Мекален, Еделмиро Гарза (45), беа убиени на повик за домашно насилство.
„Зборовите не можат да ја опишат болката што ја чувствувам, но мило ми е што татко ми е сега во мир. Беше прекрасен човек и тоа го знаеше секој што те запознал. Многу ќе ми недостигаш. Умре правејќи го она што најмногу го сакаше, умре како херој. Те сакам тато, ќе се видиме наскоро. #bluelivesmatter”, напишала Савана во твитот.
Твитот бил објавен доволно долго за да предизвика сочувство и почит, но и омраза.
„Да се биде полицаец е избор. И последниот пат кога проверив, сините луѓе не постоеја. Можеби да се едуцирате?“, твитна еден корисник.
Друг корисник, кој се идентификувал како средношколец, додал: „Жал ми е за твојата загуба, но не мора да употребиш расистички хаштаг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.