Македонија
Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје – 76, Куманово – 6, Дебар – 2, Штип – 6, Прилеп – 1, Тетово – 13, Струга – 7, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 10, Гевгелија – 1, Македонски Брод – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 3 и еден во Ресен.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрирал 142 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 68, Штип – 3, Прилеп – 1, Тетово – 15, Струга – 15, Охрид – 15, Гостивар – 7, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Кратово – 5, Свети Николе – 6 и четворица во Ресен.
Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево.
На Клиниката за инфективни болести починала пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола и веднаш бил упатен на Инфективната клиника во Скопје, но за време на транспортот починал. Во болницата во Охрид починал пациент на 86-годишна возраст, а во Тетово битката со Ковид-19 ја загубил пациент на возраст од 72 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати – 389, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475. Во согласност со новите податоци статистиката на активни случаи по градови е следна:
• Скопје – 3.952, активни 1.793
• Куманово – 868, активни 200
• Дебар – 153, активни 91
• Штип – 463, активни 181
• Прилеп – 302, активни 64
• Тетово – 885, активни 290
• Струга – 337, активни 163
• Велес – 203, активни 33
• Битола – 73, активни 30
• Охрид – 227, активни 119
• Кавадарци – 27, активни 19
• Гостивар – 240, активни 147
• Гевгелија – 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица – 24, активни 16
• Крива Паланка – 19, активни 8
• Радовиш – 8, активни 4
• Крушево – 12, активни 7
• Кочани – 77, активни 12
• Пробиштип – 37, активни 23
• Демир Хисар – 8, активни 7
• Македонски Брод – 9, активни 5
• Пехчево – 6, активен 1
• Берово – 4, активен 1
• Валандово – 6, активни 0
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 9, активни 1
• Свети Николе – 120, активни 107
• Кичево – 84, активни 71
• Ресен – 139, активни 75
• Неготино – 22, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 79.392 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 88 лица. На кислородна поддршка се 53 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 25 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно суспектно на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се петмина.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 29, а во болницата во Штип – 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се вкупно 127 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи во скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 293
• Аеродром – 147
• Бутел – 139
• Гази Баба – 199
• Центар – 144
• Карпош – 148
• Сарај – 118
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 108
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 80
• Арачиново – 40
• Илинден – 22
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 10
• Сопиште – 11
• Зелениково – 15
• Странец – 9
• Нераспределен – 80
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на следните социјални права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за месец декември 2025 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Истите, денеска можат да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Македонија
ДПМНЕ да не бега од сопственото ветување за една изборна единица, бара Левица
„Левица е за укинување на т.н. Пржинска влада и непотребните дополнителни заменици-министри со право на вето, сметајќи дека истата нема смисла и се претвори во алатка за меѓупартиско пазарење. Техничката влада функционира како фасада и привид на фер, демократски избори и плурализам, зад кој продолжува суштинската политичка нееднаквост, селективноста и цензура. Затоа, укинувањето на техничката влада за нас е прифатливо само доколку оди рака под рака со вистински, а не декларативни демократски реформи“, велат од партијата Левица.
„За почеток, воведување на една изборна единица, како единствен начин за секој глас да вреди подеднакво. Вториот услов е укинување на политичката цензура и обезбедување еднаков пристап до медиумско претставување за политичките субјекти. Потсетуваме дека на последните избори, токму Левица, како парламентарна партија, беше единствената на која, поради „правна празнина“, ѝ беше оневозможено било какво политичко рекламирање. По завршувањето на изборите, Левица во Собранието предложи законски измени за надминување на оваа дискриминација, но истите не беа прифатени од владејачкото мнозинство.
Прецизираме дека не сметаме дека институциите се созреани, ниту пак дека постојната пракса на „технички влади“ донесе фер, демократски и избори без институционални злоупотреби. Напротив, техничката влада се покажа како механизам за дополнителни злоупотреби и параван зад кој се задоволуваат апетитите на владејачките и коалициските структури на естаблишмент партиите.
Во периоди кога техничката влада формално треба да служи исклучиво за организација и спроведување на изборите, јавноста беше сведок како се носат системски закони по скратена постапка, се шверцаат законски измени и се штитат интереси на моќни бизнис и урбанистички лобија како што беше случајот и со последната Пржинска влада.
Демократијата не се мери со бројот на договори меѓу партиските елити, туку со тоа дали гласот на секој граѓанин вреди еднакво и дали секоја политичка опција има право да биде слушната.
Левица нема да учествува во шминкање на системот без да се испорачаат нужни реформи. За крај, потсетуваме дека ʼедна изборна единицаʼ е и ветување на ДПМНЕ за овој мандат. Оттука, ги повикуваме да не бегаат од сопственото ветување и предизборни заложби“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




