Македонија
Мицкоски по гласањето: Меѓу граѓаните може да се забележи дека се подготвени за голема промена

Денес е денот кога обновата победува. Народот масовно излегува на избирачките места и од она што можеме да го забележиме, она што се коментира помеѓу граѓаните, е дека се подготвени за една голема промена што ќе се случи токму денеска, рече лидертот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава даденa во општина Карпош по остварување на гласачкото право.
„Сакам да истакнам дека сето она што се случуваше изминатитве денови, многуте нерегуларности, ќе остават сериозна трага, што практично ќе биде еден вид дамка на овој изборен процес. На секој оној што има каква било дилема да им слугува на Зоран Заев и на ова раководство на СДСМ во нерегуларностите, му порачувам дека ќе сноси кривична одговорност и за тоа од утре особено ќе се внимава како измина денот, но и какви беа изминативе денови“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека неговата партија и коалицијата се надеваат на поголем одѕив за да може, како што рече, да бидат оневозможени очајните обиди да се изигра волјата на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партијата Левица: На Локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025. Сесијата започна со едноминутен молк за жртвите во трагедијата во Кочани.
„Во духот на демократскиот централизам и борбеноста, оваа сесија ја зацврсти позицијата на Левица како единствена автентична и непоколеблива опозициска сила во државата“, велат од партијата.
„На сесијата на ЦК едногласно беше верификуван актуелниот пратеник м-р Сашко Јанчев како нов член на Президиумот на Левица. Во своето обраќање, Јанчев истакна дека народот е алергичен на корумпираните политички елити кои со децении ја злоупотребуваат државата за лични криминални интереси. Властите пробаа сѐ за да ја подјармат Левица – со притисоци, спинови и пари, но не успеаја! Токму тоа, нивниот неуспех да ја направат Левица како нив, е она што најмногу ги плаши.
Централниот комитет усвои политичка рамка за дејствување во наредниот период, со фокус на есенските Локални избори, како фронт за жестока пресметка со режимскиот апарат. Во услови на постојана репресија, изборен инженеринг и клиентелистички октопод кој го гуши секој обид за народна еманципација – Левица ќе настапи бескомпромисно, чесно и организирано, како глас на обесправените и бастион на некорумпираноста.
Времето на калкуланти, опуртинисти, предавници и квазиопозиционери заврши. Борбата продолжува – на улиците, во институциите и на изборните полиња. Со народот, за народот!“, соопшти партијата Левица.
Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.