Македонија
(Видео) Османи: Концептот за премиер Албанец наиде на голема поддршка
Бујар Османи од ДУИ им се заблагодари на сите граѓани што решиле да гласаат во услови на пандемија.
„Сега кога гласачките кутии се затворени, да ги оставиме зад себе партиските интереси и да се обединиме за првиот премиер Албанец затоа што големото мнозинство Албанци го поддржуваат овој концепт“, изјави Османи по затворањето на избирачките места.
Тој очекува голема изборна победа на ДУИ и концептот за прв премиер Албанец.
„Бројката на одѕивот е силен знак за нашата демократија. Сакаме да им оддадеме почит на ДИК и на сите луѓе ангажирани на гласачките места, на набљудувачите и активистите. Сакам да изразам благодарност до сите наши илјадници активисти, кои се посветија со цела енерија во остварување на нашиот сон“, изјави Османи.
Според него, тие ја оствариле својата изборна цел и ја довеле ДУИ во позиција да може да се избере првиот премиер Албанец.
„Им благодариме на сите граѓани што ни го дадоа гласот, ја прифаќаме оваа одговорност и ќе работиме напорно, ќе им служиме на граѓаните“, рече Османи.
Тој очекува уште утре, по верификацијата на резултатите, веднаш да почнат разговори за формирање влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

