Македонија
(Видео) Коалицијата на СДСМ освои 46 мандати, а ВМРО-ДПМНЕ – 44
Коалицијата на СДСМ освои 46 мандати, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 44, според податоците што ги објави Државната изборна комисија на попладневната седница по вчерашните предвремени парламентарни избори.
СДСМ и коалицијта освоиле 327.329 гласа, или 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 315.344 гласа, или 44 мандати, ДУИ – 104 587 гласа (15 пратеници), Алијансата за Албанците – 81.827 гласа (12 пратеници), Левицата 37.551 глас (2 пратеници) и ДПА 13.891 глас (1 пратеничко место).
Број на освоени мандати по изборни единици:

ИЕ 1:
СДСМ – 8
ВМРО-ДПМНЕ – 7
ДУИ – 2
АА – 2
Левица – 1
ИЕ 2:
ВМРО – 7
СДСМ – 7
ДУИ – 3
АА – 3
ИЕ 3:
ВМРО – 10
СДСМ – 9
Левица – 1
ИЕ 4:
СДСМ – 10
ВМРО – 10
ИЕ 5:
СДСМ – 8
ВМРО – 8
ДУИ – 3
АА – 1
ИЕ 6:
ДУИ – 7
АА – 6
СДСМ – 4
ВМРО – 2
ДПА – 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

