Македонија
Стаменковска-Стојковскa: Манчевски го направи МИОА кластер на зараза од Ковид-19
Дамјан Манчевски го направи Министерството за информатичко општество и администрација кластер на зараза од Ковид-19, обвини дополнителната заменик-министерка, Невенка Стаменковска-Стојковска. Таа рече дека некои од вработените, кои изминативе денови биле на работните места во Министерството, се потврдени позитивни на тестирањето на Ковид-19.
„Денес, сите вработени на МИОА од зградата на поранешна ‘Нова Македонија’ се известени во наредните 14 дена да не доаѓаат на работа. Тоа што се случи овие денови во Министерството за информатичко општество и администрација е сè она за што предупредував и алармирав уште пред еден и пол месец, на 1 јуни“, вели заменик-министерката.
Таа рече дека на 1 јуни предупредила оти со одлуката на Владата на СДСМ да ги врати вработените од јавниот сектор на работните места, без воведени протоколи за работа, ги доведува во ризик здравјето и животот на вработените.
„Јавно апелирав до Дамјан Манчевски и Венко Филипче да не си играат со здравјето и животот на вработените во јавната администрација и прашував дали вработените се обучени, информирани и известени за ризиците што постојат на нивното работно место, дека е можно да имале контакт со лице заболено од Ковид-19, дали се преземени какви било мерки за заштита на вработените и дали одговорните во институциите го известиле Државниот инспекторат за труд за повреда при работа, професионално заболување, што е воедно и императивна обврска за работодавецот. Наместо одговори, и од Манчевски и од Филипче бев обвинувана дека сум ширела паника и дека тие се погрижиле за сè и сè било во ред. Дамјан и Венко, не ширев јас паника, но вие со вашето неодговорно однесување го проширивте коронавирусот помеѓу вработените на МИОА. Почитувани, со жалење и огорченост известувам дека денес МИОА се претвори во ново жариште на зараза на Ковид-19“, вели Стаменковска-Стојковскa.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.

