Македонија
Починаа 10 лица заразени со коронавирус, регистрирани 96 нови случаи во земјава
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 24, Куманово – 6, Штип – 24, Прилеп – 1, Тетово – 7, Струга – 9, Битола – 1, Охрид – 6, Гостивар – 4, Струмица – 3, Крива Паланка – 1, Радовиш – 5, Кочани – 2, Свети Николе – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје – 27, Куманово – 16, Прилеп – 4, Тетово – 4, Кавадарци – 1, Гевгелија – 1, Крива Паланка – 3, Кратово – 1, Кичево – 1, Ресен – 3.
Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица на возраст од 85,71 и 53 години, а кај 48-годишен пациент вирусот е потврден пост мортем.
На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во КБ Тетово пациент на 60 години. Во „Филип Втори“ е починат пациент на 62 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.249, бројката на оздравени пациенти е 4.871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.946. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4297, активни 1880
• Куманово 912, активни 226
• Дебар 173, активни 111
• Штип 606, активни 300
• Прилеп 312, активни 59
• Тетово 951, активни 299
• Струга 370, активни 188
• Велес 206, активни 30
• Битола 89, активни 44
• Охрид 244, активни 129
• Кавадарци 29, активни 17
• Гостивар 298, активни 196
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 22
• Крива Паланка 23, активни 9
• Радовиш 23, активни 19
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 90, активни 22
• Пробиштип 43, активни 27
• Демир Хисар 15, активни 13
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 200, активни 185
• Кичево 100, активни 81
• Ресен 140, активни 56
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 724 теста се преку: ИЈЗ-444, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -1, Жан Митрев (Филип Втори)-125, Систина со PCR-метода -94, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-16, ГАК-43, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациент.На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6 позитивни деца, 2 деца и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 291
• Аеродром – 189
• Бутел – 140
• Гази Баба – 207
• Центар – 162
• Карпош – 168
• Сарај – 115
• Кисела Вода – 148
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 104
• Арачиново – 34
• Илинден – 22
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 14
• Сопиште – 20
• Зелениково- 11
• Странец – 7
• Нераспределен- 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

