Свет
Асистентка во САД уапсена за сексуални односи со тројца средношколци
Ешлин Фаје Бел (24), асистентка за настава во средно училиште во Тексас, е уапсена поради тоа што наводно имала секс со тројца тинејџери, нејзини ученици.
Бел имала секс со свои ученици во три одделни ситуации. Тоа се случило минатиот ноември во нејзиниот дом во Њу Бостон, Тексас. Двајца од учениците тогаш имале 17 години, а еден 16.
Бел, мајка на едно дете, во тоа време работела како асистент и во библиотеката на тоа средно училиште.
Полицијата отвори истрага откако еден од наставниците слушнал разговор меѓу група тинејџери од кои еден спомнал дека Бел можеби забременила од сексот со него.
Истиот ученик наводно во полицијата открил дека Бел имала секс и со други. На почетокот не било јасно дали Бел забременила за време на некои од овие односи или порано била бремена.
Од полицијата додаваат дека еден од двајцата 17-годишници комуницирал со Бел преку социјалната мрежа „Снепчет“, која ја користеле за да договорат каде ќе се сретнат. Се случило околу Денот на благодарноста, тие се нашле на камионска станица пред да отидат во нејзината куќа. Тинејџерот рекол дека нејзиното дете во тоа време се наоѓало на задното седиште на нејзиниот автомобил и дека прво го заспала детето, а потоа наводно тие двајца имале секс.
Другиот 17-годишник ѝ кажал на полицијата дека Бел била учителка додека имале секс во нејзиниот дом. 16-годишникот, наводно, признал во полиција дека имал секс со Бел двапати, исто така кај неа.
Таа е уапсена и обвинета по две точки: нелегална врска меѓу наставник и ученик и сексуална злоупотреба на дете.
Ден по нејзиното апсење, Бел била ослободена откако била платена кауција од 150.000 долари. Таа се соочува со затворска казна и до 20 години по секоја точка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

