Свет
Британски активист на БЛМ: Белците се заедничкиот непријател, треба да се ослободиме од нив
На демонстрациите на „Блек лајвс медр“ во Лондон еден припадник на ЛГБТ-заедницата од мешана раса рече дека концептот на интерсекционалност значи дека постои еден заеднички непријател: белиот човек и затоа треба да се ослободиме од нив, пренесува „Брејтбарт“.
Во неделата демонстрантите на „Блек лајвс медр“ маршираа од Марбл Арч во Хајд парк до Воксхол гарденс, каде што говорниците говореа против системскиот расизам и капитализмот. Еден од говорниците рече дека за да се разбере движењето, важно е да се разберат постулатите на левичарскиот социолошки концепт за интерсекционалност.
„Не можете да зборувате за едукација и не можете да зборувате за црнечки теми и за ЛГБТ-проблемите и да ги исклучите како да се некакво индивидуално прашање; треба да го погледнете ова користејќи ја интерсекционалноста“, рече тој во ексклузивното видео на„Брејтбарт“ во Лондон.
Говрникот рече дека интерсекционалноста значи да се признае дека постои еден заеднички непријател: белиот човек. Системите што тие ги користат се капитализам, патријархат и фашизам. Тие беа создадени и овековечени од белите луѓе, за белите луѓе, во интерес на белите луѓе“.
„Кога ќе сфатиме дека сите се бориме во истата борба, тоа само ја зајакнува армијата. Заедничкиот проблем е преполовен. Замислете сите да сфатиме и да се собереме и се групираме? Сите овие групи луѓе, проблемите со кои се соочуваат, сето тоа доаѓаат од истите луѓе: белите луѓе. Затоа, треба да се ослободиме од нив“, рече тој продолжувајќи да сугерира со тивок глас дека треба да ги убијат богатите.
На сличен протест на „Блек лајвс медр“ во Лондон на почетокот на овој месец, активист облечен во облека во стилот на „Блек Пантер“ рече дека не е антисемитски да се каже слободна Палестина.
„Не дозволувајте ниту еден Евреин да создаде начин да не бидете слушнати, да ве направи нечујни. Тишината е насилство. Ако молчиме, и ние сме дел од тоа угнетување“, додаде таа.
Екстремно левичарската марксистичка организација Black Lives Matter UK се најде под жестоки критики за пишување „Слободна Палестина“ на социјалните мрежи напаѓајќи ги, според нив, израелските доселеничко-колонијални стремежи и наводната кампања што го потснала правото на критикување на ционизмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ЕУ ги укинува санкциите за Косово и ја отклучува финансиската помош
Европската Унија е подготвена да ги укине санкциите што ги воведе против Косово во 2023 година поради тензиите на северот на земјата и ќе ја отклучи финансиската помош, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Земјите од ЕУ воведоа казнени мерки против Косово откога владата на премиерот Албин Курти не одговори на повиците на ЕУ и САД за смирување на немирите на северот со мнозинско српско население по најлошото насилство за повеќе од една деценија.
Мерките вклучуваа суспендирање на посетите на косовски претставници на ЕУ и задржување голем дел од економската помош на ЕУ.
„Добри вести за Косово“, рече Фон дер Лајен во објава на X. „Планираме 216 милиони евра финансиска помош и имаме намера да ослободиме 205 милиони евра на почетокот на следната година“, напиша таа.
Насилството избувна во северно Косово во 2023 година откога градоначалниците од етничките Албанци ја презедоа функцијата со победа на локалните избори. Изборите беа бојкотирани од Србите барајќи спроведување договор стар десет години, со кој им се дава поголема автономија.
30-ина мировници на НАТО, кои ги чуваа градските собранија, беа повредени во судирите со српските демонстранти, а повредени беа и 52 Срби.
Фон дер Лајен рече дека ЕУ одлучила да ги укине мерките откога српските градоначалници ја презедоа функцијата по локалните избори во октомври.
Косово треба да одржи нови парламентарни избори на 28 декември бидејќи не успеа да формира влада по изборите во февруари.
фото/депозитфотос
Свет
„Тажен кактус“: Норвешка се брани по бранот критики за новогодишната елка во Лондон
Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде одговори на бранот критики што се појавија во британската јавност во врска со елката што Норвешка традиционално му ја донира на Лондон и која беше поставена на плоштадот Трафалгар.
Во некои британски медиуми и на социјалните мрежи изгледот на елката беше оценет како разочарувачки, со иронични споредби со тажен кактус и тврдења дека елката изгледа како да е зафатена од торнадо. Сепак, Ајде нагласи дека станува збор за симбол, чија вредност далеку ги надминува естетските впечатоци.
Тој потсети дека елката е непроценлив подарок и дел од традицијата што трае од 1947 година кога Норвешка првпат ѝ ја подари елката на Велика Британија како знак на благодарност за нејзината поддршка за време на Втората светска војна. Според него, елката е исто така симбол на долгорочно партнерство и пријателски односи меѓу двете земји.
„Многу се гордееме на нашата елка и на оваа традиција“, рече Ајде нагласувајќи дека значењето на овој гест не може да се мери само со визуелни впечатоци.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски: Украина нема да се повлече од регионот Донецк
Украина не е подготвена да се повлече од регионот Донецк, а Русија се стреми целосно да го преземе Донбас, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски наведувајќи дека Соединетите Американски Држави во моментот бараат компромисно решение.
„Сите ја знаеме позицијата на Русија. Тие сакаат да го окупираат целиот Донбас, а сега сакаат ние да се повлечеме од Донбас. Ова е нивниот отворен став. Нашиот став е исто така отворен – ние не сме подготвени да преземеме такви чекори, а Соединетите Американски Држави бараат компромис“, рече Зеленски како одговор на прашања од новинари, објави „Укринформ“.
Зборувајќи за разговорите за мировниот план од 20 точки и безбедносните гаранции, Зеленски рече дека украинските и американските преговарачки тимови ќе одржат серија состаноци во САД в петок и в сабота.
Според него, темите на разговорите ќе бидат мировниот план, безбедносните гаранции, договорот за обнова на Украина и други можни чекори.
Тој додаде дека украинскиот тим веќе е на пат кон САД и дека американската страна очекува нивно пристигнување, а можно е и присуство на европски претставници.
Претходно, Зеленски изјави дека следната рунда украинско-американски преговори ќе се одржи во САД по консултациите меѓу Вашингтон и Москва наведувајќи дека состаноците би можеле да се одржат веќе во текот на викендот, објави „Танјуг“.
Фото: депозитфотос

