Свет
Рамзан Кадиров го покани државниот секретар Помпео во неговото родно село во Чеченија
Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, одговори на изјавата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во врска со воведувањето нови санкции против него канејќи го во неговото родно село во планинскиот регион на Чеченија да разговараат за тоа кој навистина ги крши човековите права, пренесува ТАСС.
„Како што знаете, ме вклучија во уште еден список со санкции. Очигледно, Американците имаат многу листи. Толку се исплашив што отидов во моето родно село Беној. Помпео, дојди тука, многу е убаво. Да видиме кој какви права крши“, рече Кадиров.
На 20 јули Стејт департментот воведе забрана за виза за Кадиров врз основа на законот за блокирање на патувањето во САД за странски државјани за кои американските власти сметаат дека се виновни за кршење на човековите права. Покрај Кадиров, санкциите се однесуваат и на неговата сопруга Медни и неговите ќерки Ајшат и Хадијат.
Лидерот на Чеченија ги осуди санкциите како залуден обид да се посее раздор меѓу неговото семејство. Тој предложи службениците на Стејт департментот сами да дојдат во регионот и да видат колку го поддржува локалното население.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран почна нов бран напади
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека лансирал нов бран ракети и беспилотни летала кон земјите во регионот.
Облаци од чад се издигаа од област во близина на пристаништето во Абу Даби откако моќни детонации одекнаа над градот. Не е јасно што ја погоди областа.
Zayed Port in Abu Dhabi, UAE hit by Iranian strikes. pic.twitter.com/RUojLGQ087
— Shalinder Wangu (@Wangu_News18) March 1, 2026
Претходно, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos

