Контакт

Македонија

Груевски повеќе не е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повеќе не е почесен претседател на партијата. Ова е предвидено со новиот Статут, кој денеска го донесе Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој Статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува, односно ниту Никола Груевски ниту кој било друг поранешен почесен претседател повеќе, во согласност со овој Статут, не е почесен претседател. Такво нешто Статутот не предвидува“, изјави Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ.

Тој исто така рече дека е ограничен и мандатот на претседателот на партијата на четири години.

„ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија на Балканот што со статут го ограничува бројот на мандати на високи функционери на партијата, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата. Во иднина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандата на регуларен избор, евентуално би можел да добие и трет мандат, но само доколку биде поддржан од 2/3 од телата што го избираат во конкретниот случај кога говориме за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е Конгресот“, рече Тошковски.

Македонија

Во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Во следните денови УХМР ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

dobivaj vesti na viber

Денес ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје покажуваат сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ разговара за ресори кои се од економска и политичка природа

Објавено пред

„Преговарачкиот процес за идната влада се базира на принципи, пред се на евроинтегративниот процес, борбата против криминалот и корупцијата, како и од потребата од одредени реформи за забрзан економски развој“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Додаде дека во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори при што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат.

„Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но сѐ уште нема конечен договор и сѐ до моментот кога ќе може да се соопшти, нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во преговорите се внимава на квалитетот на самата поделба и на бројката која што ВМРО-ДПМНЕ ја има во освоени пратеници за овој парламентарен состав.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Објавено пред

Граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои се потоа доставени како барање до Град Скопје за најбрзо што може да се уреди еден пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир. Од ЦУК сметаат дека пешачки премин нема да го реши најдобро проблемот, но за тоа ги повикуваат стручните лица од сообраќајната област тоа да го решат.

dobivaj vesti na viber

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов до медиумите испрати видео изјави во непосредна близина на булеварот Србија, пред новоотворениот Џевахир Мол, којшто е дел од комплексот Скај сити, што е составен од четири облакодери, а се заблагодари на Градот Скопје за брзите реакции по нивните досегашни укажувања.

Во видеото тој барањата ги поткрепува со тврдења дека поради минување на граѓаните на необележаните улици, тие се изложуваат на опасности.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ42 минути

При контрола на угостителски објекти за дрога се приведени девет лица

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера по план на СВР Скопје ивршија контрола во повеќе...

Регион3 часа

Ден посветен на Данка Илиќ: Центарот за исчезнати и малтретирани деца празникот го посвети на девојчето од Бор

Центарот за исчезнати и малтретирани деца денеска, Меѓународниот ден на исчезнатите деца, го посвети на двегодишната Данка Илиќ од Бор,...

Македонија6 часа

Ангелов бара пешачки премин или изградба на кружен тек на булеварот Србија кај трговскиот центар Џевахир (ВИДЕО)

Граѓаните на скопската населба Аеродром Центарот имаат потреби кои беа упатени до Центарот за убправување со кризи (ЦУК), а кои...

Македонија10 часа

Поради реконструкција, без вода жителите на Водно, Козле, Клиничкиот центар, а во Сарај ќе има намалување на притисокот на водоснабдување

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат за пуштање на употреба на нова водоводна мрежа во реоните Сарај и Центар. ЈП...

Македонија19 часа

Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини

Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица...

Македонија19 часа

Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела. На...

Свет22 часа

Путин: Русија ќе разговара за мирот во Украина само со легитимните лидери во Киев

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека мировните преговори во Украина мора да се обноват, но дека Москва ќе соработува...

Свет24 часа

Судот во Хаг му нареди на Израел да ја прекине офанзивата на Рафах

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска одлучи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената офанзива и другите дејствија во...

Македонија1 ден

Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа...

Македонија1 ден

Мицкоски: За скоро време ќе имаме нова влада, следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот...

Македонија1 ден

Левица: Аманет да си го браниме јазикот од сите напади, денес ги има повеќе од било кога

Значајни за Македонија, но и за останатите словенски народи, Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост имале единствена мисија: да...

Топ1 ден

Загина 76-годишен маж: со тракторот се превртел на патот во Кочанско

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор...

Европа1 ден

Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Тие се наш патоказ за иднината

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. „Од...

Регион1 ден

Претседателката на Косово: Негирањето на геноцидот нема да го отвори патот за мир

Косовската претседателка Вјоса Османи на X се осврна на усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Османи вели дека со...

Свет1 ден

Дали имало траги од куршуми на хеликоптерот? Објавен е прелиминарен извештај за падот на авионот на иранскиот претседател

Трупот на хеликоптерот на починатиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси, се запалил откако удрил во рид, се наведува во прелиминарниот...

Свет1 ден

САД воведува визни ограничувања за Грузијците: „Вреди за оние кои ја гушат демократијата“

Соединетите Американски Држави денеска објавија нова политика на визни ограничувања за жителите на јужнокавкаската република Грузија, откако тамошната влада го...

Европа1 ден

Пукање во Истанбул: расправија во кафуле прераснала во вооружен судир, има убиени и повредени

ТРИ лица загинаа, а пет се повредени, од кои две потешко, во пукотница што се случи синоќа во кафуле во...

Регион2 дена

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одржа седница на која се расправаше за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше...

Македонија2 дена

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали...