Забава
Херд го негира тврдењето на Деп дека имала афера со Илон Маск

Американската актерка Амбер Хард негира на суд во вторникот дека имала афера со шефот на „Тесла“, Илон Маск, или некој друг додека била во брак со холивудската sвезда Џони Деп.
34-годишната актерка сведочи во Високиот суд во Лондон во име на весникот „Сан“, чиј издавач и извршен уредник се тужени од поранешниот сопруг Деп за клевета во врска со статија од 2018 година во која го нарекуваат тепач на сопругата.
„Јас го сакав Деп, но бев преплашена од чудовиштето, неговото насилно алтер его кога е под дејство на алкохол или дрога“, рече таа во судницата додавајќи дека таквото чудовиште било трета страна во нивниот брак.
Деп негира дека ја удрил Херд и вели дека таквите наводи се измама.
Во својата изјава како сведок Херд тврди дека Деп ја обвинувал оти има афери со актери со кои била на аудиција или глумела во некои филмови, посочувајќи ги Леонардо ди Каприо, Еди Редмајн, Џим Старгес, Кевин Костнер, Лијам Хемсворт, Били Боб Торнтон и Чанинг Татум. „Неговата љубомора завршуваше со насилство“, рече таа.
Херд наводно разменувала текстуални пораки со Илон Маск во мај 2016 година, што било причина тогашниот сопруг да стане насилен. Таа тврди дека ѝ ги повредил окото и образот кога фрлил телефон кон неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.