Забава
Канје Вест откри дека сопругата Ким сакала да го затвори дома

Американскиот рапер Канје Вест доцна во понеделникот објави низа твитови во кои напиша дека неговата сопруга Ким Кардашјан се обидела да го заклучи од здравствени причини споредувајќи се себеси со Нелсон Мандела и сугерирајќи дека хорор-филмот „Излези“ (Get Out) од 2017 година се заснова на неговиот живот.
Доцните вечерни активности на неговиот официјален профил на „Твитер“ – поголемиот дел беше избришан неколку часа подоцна – доаѓаат еден ден по почнувањето на неговата претседателска кампања со хаотичен митинг во Чарлстон, Јужна Каролина.
Во говорот пред насобраните поддржувачи насолзениот Вест рече дека тој и сопругата Ким Кардашјан решиле таа да не ја прекине бременоста.
„Ким се обиде да лета во Вајоминг со доктор за да ме заклучи како на филмот ‘Излези’ затоа што плачев за спасување на животот на мојата ќерка вчера“, напиша Вест во еден од твитовите што подоцна беше избришан.
Вест (43) ги остави гласачите да се чудат за тоа дали неговата кампања е вистинска или е реклама што ќе ја зголеми продажбата на албуми.
Тој подоцна твитна дека неговиот нов албум „Донда“, насловот е по неговата покојна мајка, ќе биде објавен в петок. Потоа, во неколку твитови пишуваше за „Излези“, хорор-филм за расни односи. „Сите знаат дека филмот е за мене“.
Неколку следачи на „Твитер“ го прашаа дали е добро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.