Забава
Серена Вилијамс се гордее дека ќерката е делумен сопственик на женски фудбалски тим

Серена Вилијамс во вторникот се појави на „Инстаграм приказни“ за да ја сподели веста дека нејзината двегодишна ќерка Алексис Олимпија Аханиан Јуниор е меѓу сопствениците на женски фудбалски тим во најава.
38-годишната тенисерка сподели рамка за своите 12,5 милиони следачи на „Инстаграм“, на која пишува „Горд сопственик на Angel City“ со фотографии од ќерката и фудбалска топка.
Текстот на објавата гласи: „Нова ера на спорт и забава во Лос Анџелес. Формирање женски фудбалски клуб. Клубот во најава го носи името Angel Cit..“
Тениската ѕвезда ѝ остава наследство на ќерката со својот сопруг – технолошкиот магнат и коосновач на „Редит“, Алексис Аханиан (37). Тие работеа со голем број партнери од висок профил за да помогнат во финансирањето на спортскиот тим.
Натали Портман, Ева Лонгорија, Џенифер Гарнер, Узо Адуба, Америка Ферара и неколку други ѕвезди се вклучени во проектот. Сопругот на Серена е впишан во листата на основачи. Меѓу сопствениците е вбројана и нивната двегодишната ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.