Македонија
Нови шест тужби поднесени до Управниот суд, меѓу кои две од ВМРО-ДПМНЕ
До Управниот суд попладнево се поднесени и заведени уште шест тужби по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија, а кои се однесуваат на предвремените парламентарни избори.
Како што информираат од судот, две од тужбите се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“, две поднела политичката партија Демократи, една од Единствена Македонија и Коалиција “Никогаш Северна само Македонија”, и 1 тужба од МОРО – Работничка партија.
Претходно денеска судот отфрли 40 тужби поднесени од Алијанса за Албанците/Алтернатива и една од Интегра.
Политичката партијата Левица, поднесе 101 тужба по однос на одбиените приговори од страна на ДИК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

