Соопштенија
СДСМ: Нè очекуваат сериозни предизвици

Нè очекуваат сериозни предизвици, неопходна ни е стабилна влада со полн мандат и сите пратеници од новиот парламентарен состав имаат можност да им се приклучат на прогресивните политики предводени од СДСМ, велат од Социјалдемократскиот сојуз.
„Како држава, во наредниот период нè очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден и затоа ова се времиња кога е неопходна стабилна влада, која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ“, соопштија од партијата.
Од таму потворија дека по илинденските празници, ќе почне процесот на преговори за можна коалициска соработка.
„Она што е јасно е дека сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да им се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ, кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница. Коалицијата што ќе ја предводи СДСМ ќе биде отворена за сите политички чинители, кои прифаќаат да се приклучат на патот што води напред, односно европскиот пат, патот на правдата и економијата, пред сè“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

„Во изминатиот период покажавме дека вистински се грижиме за нашите ученици во основните училишта. Веќе 60 проценти од учениците посетуваат едносменска настава, а крајната цел е во сите училишта во Ѓорче Петров да се оди во една смена. Поставуваме нови приоритети. Предвидуваме доградба на пет основни училишта во општината“, вели Александар Стојкоски, актуелен градоначалник на Ѓорче Петров, кој е кандидат и на овие локални избори.
„Ќе се доградуваат општинските основни училишта „Страшо Пинџур“, „Мирче Ацев“, „Јоаким Крчоски“, и централното и подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, како и основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково.
Со ова, целосно ќе ги зголемиме капацитетите и ќе овозможиме учениците да посетуваат настава во една смена со што ќе им овозможиме повеќе време за слободни активности, повеќе време за престој со нивните родители, со семејствата, и за воншколски активности.
Предвидуваме и изградба на нова училишна спортска улишна сала во подрачното училиште во село Никиштане.
Од вас зависи реализацијата на овие проекти. На 19 октомври одлучувајте мудро и направете го вистинскиот избор“, вели Стојкоски.
Соопштенија
Стефковски: 4 нови детски градинки во општина Гази Баба, децата на прво место

Актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски кој бара втор мандат на овие локани избори, најави четири нови градинки во општината.
„Во новиот мандат, се обврзуваме на нешто што значи многу за секое семејство – нови, безбедни и современи детски градинки за нашите најмали!
Ќе изградиме 4 нови детски градинки во: Керамидница, Хиподром 2, Сингелиќ и Маџари“, најави Стефковски.
Соопштенија
Лабудовиќ: Центар мора да биде чист – во првите 100 дена ќе ја вратиме хигиената, редот и достоинството на општината

Центар е срцето на Скопје, но за жал, денес изгледа како напуштен агол на градот. Преполни контејнери, расфрлан смет, прашина и непријатна миризба станаа секојдневие за жителите. Општината која некогаш беше симбол на урбана култура и маалски дух, сега е претворена во слика на запуштеност и хаос, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ,.
Тој денеска јавно се обврза дека токму чистотата и хигиената ќе бидат неговиот прв приоритет.
„Оваа грда слика зад мене е секојдневие за центарци. Преполни и валкани контејнери, расфрлан смет, отпад и прашина насекаде. Непријатната миризба стана симбол на Центар. За жал. Јас се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар. Ќе ги измиеме сите улици и тротоари и ќе ја отстраниме непријатната миризба. Ќе ги исчистиме сите паркови, детски игралишта, зелени површини. Сакам центарци да се одморат и да се релаксираат во чиста средина. Нема да ги заобиколиме ниту мини дивите депонии што се честа слика во нашата општина. Ќе ги исчистиме сите заборавени ќошиња и простори. Центар мора да биде чист“, рече Лабудовиќ.
Тој најави системски пристап за решавање на проблемот, преку: темелно чистење на целата општина во првите 100 дена, редовно миење на улиците и тротоарите, чистење и одржување на парковите и детските игралишта, елиминација на дивите депонии и заборавените ќошиња, зголемување на капацитетите за собирање и управување со отпад и воведување на современи методи за комунално работење и контрола.