Македонија
Кекеновски: Мицкоски совршено одработи за СДСМ и ДУИ

Христијан Мицкоски, таканаречениот лидер на ДПСМНЕ веќе 10 ден молчи и се подлабоко се затскрива во партиското дувло, свесен дека по трет пат одработи за победа на СДССМ и ДУИ, напиша на „Фејсбук“ лидерот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски.
Како што додава тој, Мицкоски вака свесно молчел и млако одработувал и за легализација на Преспанскиот договор, за промената на Уставот и името на државата.
„Во моментот за него и за раководството на партијата најбитно е што тој останува лидер на партијата, a партиските кадри од највисокото раководство за кои се водат сериозни кривични постапки сега добија пратенички имунитет преку кој во иднина ќе бараат спас за сопствената кожичка“, констатира лидерот на партијата која е дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, според кого ваквата ситуација е показател дека засега успешно е реализиран првиот дел од договорoт помеѓу Заев-Мицкоски и меѓународната заедница.
Според Кекеновски, за Мицкоски и неговите приврзаници важно е што помалите конкурентски партии и коалиции се свесно омаловажени и срозени во, како што вели, договор со Заев и со помош на партиските испоставеници и служители во ДИК и Управен суд.
„Но, затоа тука им е десната левица која набрзо ќе им го ‘изеде’ џигерот“, пишува тој и додава дека партиските пајташи засега (барем времено) се во одлична ситуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).