Свет
(Видео) ФСБ спречи терористички напад во Москва
Во Москва е спречен терористички напад на јавно место, а масакрот го подготвил мигрант од Централна Азија, објави Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).
„Федералната служба за безбедност на Русија, заедно со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет, ја прекина активноста на член на терористичка организација која планирала да изврши терористички напад во Москва“, се вели во соопштението.
Терористот е убиен при обидот за апсење, објави „Спутник“.
Тој бил пронајден во пределот на напуштените гаражи во Химки. Терористот отворил оган врз припадниците на безбедносните органи од автоматско огнено оружје“ и бил неутрализиран со повратен оган.
Сотрудниками ФСБ в Москве предотвращен теракт в людном месте. Террорист готовился к массовому убийству людей. При попытке задержания злоумышленника ликвидировали.
При осмотре места происшествия нашли автомат АКС-74У, 3 снаряженных магазина, гранаты.
Работают ребята!.. pic.twitter.com/pP46R6OGLD— Людмила Алексеевна (@Ukd0CUeeDDpM8vi) July 27, 2020
При претресот на местото се пронајдени автоматска пушка АКС-74У, три шаржери, две гранати Ф-1 и една граната РГД.
Исто така, било откриено дека терористот бил државјанин на една од земјите на Централна Азија, кој живеел во изнајмен стан во главниот град на Русија. Приведен е и неговиот брат, кој го барал за да го спречи да влезе во Сирија и да се приклучи на меѓународна терористичка организација која е забранета во Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

