Македонија
Донација од дронови и термална камера за потребите на Град Скопје
Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП) донира два дрона, од кои еден со надградба и една термална камера, за потребите на Град Скопје.
Донираната опрема, која е во вредност од 1.619.345,00 денари, ќе биде користена за реализација на предвидените активности опфатени во Проектот за урбана отпорност на Град Скопје, како и во рамки на работните обврски на Секторот за инспекторат.
Промањето на донацијата од Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП) денеска ќе биде дел од дневниот ред за кој ќе расправа Советот на Град Скопје, во рамките на својата 53. седница.
Покрај оваа донација, Советот на град Скопје на денешната седница ќе расправа и за одлуката за примање донација од ГЕИНГ „Кребс унд Кифер интернешнл“ и др. ДОО. Со оваа одлука Градот Скопје прима донација – Физибилити сообраќајна студија за паркирање на подрачјето на Град Скопје со централно градско подрачје.
Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за Програмата за дополнување на Програмата за управување со отпад на подрачјето на Град Скопје за 2020 година, а ќе расправа и за поголем број одлуки, меѓу кои за одлуката за aвелирање на меница издадена од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради долгорочно кредитно задолжување на претпријатието во „Комерцијална банка“ АД Скопје; Одлуката за давање дозвола за вршење дејност паркирање на „Тинекс МТ ДООЕЛ експорт импорт Скопје“; Одлуката за донесување регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, за четврт С 15.
Покрај овие одлуки, Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за поголем број точки поврзани со работата на градските јавни претпријатија, каде што ќе расправа за одлуката за давање согласност на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП Скопје, Скопје, за период јануари-март 2020 година; како и за полугодишниот извештај за работата на ЈП „Лајка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта.
Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител.
A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.
И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал“.
Исти методи, исти шеми, исти луѓе, додаваат од СДСМ, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.
Крадењето, додаваат од опозициската партија мора да запре.
„За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законо“.
Македонија
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.
На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.
„Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион“.

