Македонија
Велковска од Советот на Град Скопје: Недозволиво е болнички паркинг да се наплаќа
Активистката за заштита на животни и животна средина и членка на Советот на Град Скопје Драгана Велковска испратила барање до Советот да ја повлече од денешната седница точката за усвојување на одлуката за измена и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг”-Скопје.
„Недозволиво е болнички паркинг да се наплаќа. Болничкиот паркинг мора да биде бесплатен за сите – и за вработените и за пациентите и нивните блиски бидејќи здравјето е основно човеково право. Недозволиво е во ек на пандемија да се злоупотребува ситуацијата во која поголем број луѓе ќе бидат принудени да го користат паркингот на болницата и на тој начин со умисла да се профитира од туѓата несреќа“, вели Велковска.
Таа вели дека имајќи предвид дека во болница луѓето не одат од задоволство, туку од мака и имајќи предвид дека болните најчесто не може да се донесат до болница на велосипед или со јавен превоз, а такси е надвор од финансиските можности на многу наши сограѓани со оглед на енормната стапка на сиромаштија, бара одлуката да биде повлечена од предлагачот. Понатаму, од Управниот одбор на ЈП Градски паркинг, Велковска бара да усвои одлука со која ќе се обезбеди бесплатно паркирање на сите болнички паркинзи и за медицинскиот персонал и за пациентите и нивните блиски.
„Ни претстои нов бран од пандемијата, а се предвидува и светска финансиска криза. Најмалку што Градот е должен да направи во ваква ситуација е да носи солидарни и хумани одлуки со кои на скопјани ќе им покаже дека стои до нив, не наспроти нив“, наведува таа во барањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

