Забава
Астрофизичар кој соработувал со Пентагон: Најдовме остатоци од летало, кои сигурно не се од Земјата
Пентагон сè уште има тајна единица за испитување неидентификувани летачки објекти (НЛО), а набргу ќе мора да го објави она што го откриле во нивните истражувања, пишува „Њујорк тајмс“ во ексклузивен извештај.
Иако Пентагон тврдеше дека ја укинал својата тајна програма за истражување НЛО уште во 2012 година, се чини дека програмата била само преместена и преименувана. Самото постоење на напредната програма за идентификација на воздушно-веселенски закани беше откриено токму од „Њујорк тајмс“ во 2017 година, пет години откако наводно оваа програма била прекината. Програмата била иницирана во 2007 година, а еден од нејзините главни иницијатори бил тогашниот претседател на Сенатот, Хари Рид.
Она што е особено интересно е дека дел од истражувањата во рамките на оваа програма ќе треба да биде објавено во рок од 180 дена од донесувањето на законот за авторизација на разузнавачките податоци.
И додека некои лица вклучени во програмата се надеваат дека ќе се обелоденат докази за вонземјански летала за кои се шпекулира со децении, главниот фокус е сè уште на тоа дали станува збор за напредна технологија од ривалски воени сили, пишува „Њујорк тајмс“.
Сенаторот Марко Рубио, претседател на Комисијата за разузнавање на Сенатот, коментира за Си-би-ес дека е особено загрижен за НЛО, кои се забележани како летаат над воените бази на САД – особено поради можноста Русија или Кина да направиле некаков технолошки скок што им дозволува таков вид активност…
„Можеби има некое здодевно објаснување за тоа. Но, ние мора да откриеме“, додаде Рубио, инаку познат како јастреб меѓу американските пратеници, односно застапник за воени интервенции и одржување на американската воена супериорност во светот.
Меѓутоа, поранешниот директор на програмата за НЛО и поранешен службеник во военото разузнавање, Луис Елизондо, потврди дека тој и неколку други поранешни владини функционери и научници веруваат оти објекти чие потекло не може да се утврди навистина паднале на Земјата, а додаде и дека нивните остатоци биле однесени на анализа.
Елизондо, кој поднел оставка во 2017 година, по 10 години на чело на програмата за НЛО, смета дека програмата повеќе нема да се крие во сенка и дека ќе добие нова транспарентност.
Ерик В. Дејвис, астрофизичар, кој работел како консултант за програмата за НЛО на Пентагон од 2007 година, тврди дека анализата на некои од пронајдените материјали не успеала да го идентификува нивниот извор.
„Такво нешто е невозможно сами да направиме“, вели Дејвис во однос на откриени остатоци од вселенско летало, притоа мислејќи на човештвото во целина.
Теориите за НЛО, кои досега претежно спаѓаа во областа на алтернативни и псевдонаучни истражувања, добија нов момент и внимание во јавноста откога Пентагон пред неколку месеци официјално објави неколку снимки од блиски средби на американски воени авиони со НЛО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нема седмица без радост од голема добивка на инстант-лотарија
Во Државна лотарија велат дека секоја недела во нивните благајни се запознаваат со по неколку добитници на премии и големи добивки од инстант лотаријата. Благодарение на богатата понуда на различни видови стокови и парични премии и многубројните големи добивки што ги носат инстант лозовите, речиси секојдневно се потврдува дека среќата е насекаде.
Во богатата понуда има станови автомобили, електрични мотори и парични добивки до 10.000.000 денари
Инстант лотаријата денес претставува една од најпопуларните и најдостапни забавни игри кај играчите низ земјата. Со големи фондови, разновидни теми, забавни начини за игра и возбудливи добивки, секој од лозовите носи свој посебен печат и можност за радосно изненадување. Во сегашната понуда има 10 лоза и секој од нив има многубројни среќни приказни.
Лозот „Титаниум“ е вистинскиот избор за оние што посакуваат премија автомобил, а лозот под име „Доме сладок доме“ е совршен за оние на коишто им е потребен стан во Скопје. Инстант лозот „Урбан стил“ со понуда на електрични мотори е уште еден во серијата лозови со стокови добивки што го поддржува урбаниот стил на живеење и заштитата на човековата околина.

Серијата парични лозови има вкупно седум лоза од коишто „Мега Милионер“ ги нуди најголемите парични премии во вредност од 10.000.000 денари, 8 добивки по 1.000.000 денари и други големи парични добивки. Еден од најомилените инстант лозови „Макси златна рипка“, препознатлив по начинот за дознавање добивки носи премии вредни по 1.000.000 денари, а возбудливата „Златна Треска“ со дури три игри на еден лоз ги привлекува играчите со својот впечатлив дизајн и богата палета добивки меѓу кои 5 премии во вредност од по 585.000 денари.

Во серијата парични лозови е навистина забавно, тука е веселиот и свеж инстант лоз „Фрути“ со премии од по 400.000 денари, елегантниот и светкав „Дијамант“ со којшто потрагата по симболите прстен и дијамант може да заврши со освојување на една од 10-те премии вредни 300.000 денари, а вистинскиот хит за љубителите на астрологијата е лозот „Хороскоп“, којшто комбинирајќи нумерологија и астрологија ги впушта играчите во забавна игра со хороскопски симболи и броеви и носи многубројни парични добивки покрај 5-те премии од 500.000 денари.

Списокот членови на семејството на инстант лотаријата го завршуваме со инстант лозот, којшто го носи традиционалниот симбол на семејна среќа и благосостојба и веќе препознатлив и како симбол на Државна лотарија ‒ „Калинка“. Овој инстант лоз со 7-те премии од по 700.000 денари е шармантен и забавен, а познат е по својата убава симболика и примамлив изглед.

Велат дека во една калинка има околу 365 зрна среќа ‒ по секое за секој ден. Така и во семејството на инстант лотаријата, коешто има безброј „инстант“ добивки што секој ден носат радост на голем број љубители на игрите на среќа, кои се над 18-годишна возраст.
Забавните игри, впечатливите дизајни и многубројните добивки на инстант лозовите ги мотивираат играчите да продолжат да ја следат својата среќа со членовите на големото семејство на инстант лотаријата на Државна лотарија, чијшто слоган е СРЕЌА ПОД ПРСТИТЕ, а симболот на инстант лотаријата на Државна лотарија е отворена калинка со видливи зрнца среќа.
Инстант лотаријата навистина ја носи среќата во сите краеви на нашата земја.
Затоа, среќата е навистина насекаде со Државна лотарија.
(ПР)
Забава
(Видео) Ризичното мини здолниште на Амал Клуни ја запали атмосферата, Џорџ мораше да реагира
Познатиот актер Џорџ Клуни се појави со сопругата Амал во Париз на премиерата на филмот „Џеј Кели“, што ги израдува и изненади многумина со оглед на тоа што актерот беше сам на претходните светски премиери на овој филм.
За оваа пригода, убавата адвокатка изненади со својот моден избор. Амал избра мини здолниште украсено со светки кое го комбинираше со малку подолга кожна струкирана јакна. Црни чизми со високи потпетици и кожна чанта го заокружија ова лежерно издание на Амал Клуни.
Нејзините витки нозе беа во преден план, па коментарите за совршен изглед не изостанаа, иако, Џорџ не заостануваше многу зад својата сопруга.
Холивудскиот заводник избра класично одело и кошула за оваа пригода, а очилата за сонце станаа негов омилен моден додаток за вечерта. Традиционално, каде и да се појават, папараците ги опседнуваат, па дури и Клуни мораше да реагира за да ѝ помогне на Амал да стигне до автомобилот.
Инаку, Клуни беше сам на премиерата на овој филм во Лос Анџелес, па бил придружуван од Боно Вокс и неговата ќерка, а по тоа се појавиле коментари дека неговата интимност со оваа убавица на премиерата нема да помине неказнето од Амал.
фото: епа
Забава
Елтон Џон откри дека целосно го изгубил видот на едното око, но верува во медицински напредок
Британскиот музичар, Елтон Џон, неодамна откри дека, и покрај тоа што го губи видот на десното око, не ја губи вербата во медицинскиот напредок.
Во интервју за списанието „Варајати“, 78-годишниот уметник проговори за својата кариера и секојдневниот живот откако целосно го изгуби видот на тоа око во 2024 година.
Како што раскажа, последните 15 месеци биле исклучително тешки:
„Беше катастрофално. Бидејќи го изгубив видот на десното око, а левото не е во добра состојба, не можев да гледам, читам или да видам ништо јасно.“
За време на летниот одмор во Франција истата година, Џон доби инфекција која ги зафати двете очи. Сепак, и покрај сериозните заболувања, тој се обидува да го одржи оптимизмот.
„Имав неверојатен живот и има надеж. Морам да бидам трпелив и да верувам дека науката ќе ми помогне еден ден. Не смееме да се откажеме, мора да бидеме силни, стоички и постојано да се обидуваме да најдеме начин да ги подобриме работите“, рече тој.
Тој изрази благодарност што сè уште може да пее, да свири и да се потпре на силниот систем на поддршка што ги вклучува сопругот Дејвид Фурниш, нивните синови Закари (14) и Елајџа (12), како и блиски пријатели.
„Понекогаш целиот овој товар ме обесхрабрува, но на крајот, имам прекрасно семејство, одлични деца и него“, додаде тој.

