Забава
Кој е за пижами? Церемонијата на наградите „Еми“ ќе биде виртуелна
Церемонијата на доделување на наградите „Еми“ во септември е најновата жртва на пандемијата на коронавирусот, а ова може да значи и дека некои славни личности ќе се појавуваат во пижами од своите спални соби.
Холивудската публикација „Варајати“ во средата објави дека водителот Џими Кимел и продуцентите на телевизискиот пренос (телекаст) од 20 септември ги известиле номинираните за престижните награди „Еми“, познати како телевизиски „Оскари“, потврдувајќи дека нема да има традиционален собир во Лос Анџелес.
„Како што веројатно и веќе претпоставувавте, ние нема да ве замолиме да дојдете во театарот ‘Мајкрософт’ во центарот на Лос Анџелес на 20 септември“, стои во писмото до сите номинирани, цитирано од „Варајати“.
„И оваа година 20 септември ќе биде најголемото ноќно излегување на ТВ-индустријата… но ние ќе дојдеме кај вас!“
Во писмото стои и дека продуцентите планираат да ги снимаат номинираните дома или на друга локација по нивен избор.
Писмото следуваше еден ден по објавата на номинациите, а меѓу нив водат драмската серија „Чувари“, комедијата „Прекрасната госпоѓа Мејзел“, крими-драмите „Озарк“ и „Наследници“. Многумина од номинираните се британски актери, режисери или писатели.
Серијата „Чувари“ на Ејч-би-о успеа да добие 26 номинации. Втора на врвот е серијата „Прекрасната госпоѓа Мејзл“ со номинации во 20 категории, а „Озарк“ и „Наследници“ имаат по 18.

Во ривалството меѓу стриминг-платформите „Нетфликс“ и Ејч-би-о се случи драматичен пресврт. Откако Телевизиската академија ги објави номинациите во вторникот, „Нетфликс“ се најде на врвот со неверојатни 160 номинации, а Ејч-би-о е втор со 107 номинации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Британец одбил интервју за работа – не сакал да го интервјуира вештачка интелигенција
Британскиот комичар и писател Ричард Стот одбил интервју за позиција копирајтер кога дознал дека разговорот ќе го води вештачка интелигенција, а не човек. Според него, тоа е непочитување кон кандидатите, па ја повлекол пријавата – што поттикна широка дебата за улогата на вештачката интелигенција (ВИ) во процесот на вработување, јави „Би-Би-Си“.
„Ако нивното време не вреди за разговор во живо, тогаш ни позицијата не вреди за моето,“ изјави Стот, додавајќи дека личноста и човечката интеракција се незаменливи.
Иако признава дека ВИ може да биде корисен за технички задачи, смета дека „интервјуто лице в лице е непроценливо“.
Стручњаците се согласуваат дека, иако компаниите се повеќе го користат ВИ во регрутацијата, „човечкиот елемент не може да се замени“, бидејќи робот не може да ја процени личноста и потенцијалот на кандидатот.
Забава
Мадона се мажи за момче 38 години помладо од неа: „Предбрачниот договор се подразбира“
Познатата пејачка Мадона (67) веќе некое време ужива во турбулентна љубовна врска со 38 години помладиот Акем Морис, а како што објавува „Радар онлајн“, двојката планира свадба.
Наводно, Морис ѝ предложила брак на Мадона во тајност и сега сите чекаат официјална потврда.
Пејачката не крие од своите најблиски колку е заљубена, и како што вели, „Морис ја прави самоуверена и среќна, никој никогаш не се однесувал така со неа“. Гласини за свршувачка се појавија и претходно кога обожавателите ја видоа со дијамантски прстен на раката, но Мадона во тоа време не потврди ништо.
Според изворот, свадбата би можела да се одржи во Италија или Португалија, а вљубениот пар сака интимна церемонија каде што ќе ги соберат само најблиските роднини и пријатели. Но, и покрај нивната голема љубов, тие ќе потпишат предбрачен договор.
„Секако, таа ќе потпише предбрачен договор. Акем нема забелешки на ова, тој веќе се согласил на сите клаузули за доверливост, така што нема конфликти по ова прашање“, изјавил извор близок до Мадона.
Двојката ужива во својата љубов од 2022 година, а познато е само дека во одреден момент ја ставиле својата врска на чекање, само за да се смират минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Тој има сопруга 34 години помлада од него, а ова е неговата тајна: „Само кога таа ми дозволува“
Познатиот актер Ричард Гир (76) во последните години ужива во семејниот живот со својата сопруга Алехандра Силва, далеку од рефлекторите, камерите и љубопитните папараци. Тој се пресели во Шпанија со сопругата и децата, а неодамна беше фатен на улиците на Њујорк во сосема обична облека, што јасно стави до знаење дека сè уште е неодолив шармер.
Неговиот брак со неговата сопруга, која е 34 години помлада од него, е исто така неодолив, а познатиот холивудски заводник ја откри тајната на нивниот успех. Тоа е секојдневна навика што му носи чувство на смиреност и среќа, а исто така и на неговата сопруга.
„Треба да ја бакнеш својата сопруга. Кога таа ми дозволува, се разбира, што не е секогаш“, се пошегува Гир во интервју за Hello!.

И овој пат имаше пофални зборови за својата подобра половина, наведувајќи дека таа го направила подобар родител.
„Таа е неверојатна мајка. Гледајќи ја, научив како да бидам подобар татко“, призна тој, а потоа откри дека чувствувал силна привлечност кон Алехандра од првиот ден и дека тоа било взаемно.
„Нашата карма се привлече во моментот кога се запознавме. Не ја игнорирам разликата во годините, но кога има толку силна енергија, проблемите исчезнуваат сами по себе“, верува Ричард Гир.

