Забава
Саманта Ронсон изрази поддршка за Елен Деџенерис

Саманта Ронсон, британски музички уметник и диџеј, се појави на „Твитер“ со љубезни зборови за водителката на ток-шоуто Елен Деџенерис, чие шоу е среде внатрешна истрага од матичната компанија „Ворнер медија“ поради тврдењата за токсична култура зад камерите, недолично однесување, расизам и сексуално вознемирување на работно место.
„Непопуларно мислење: со години работев на @TheEllenShow како диџеј, за нејзините забави, и таа секогаш беше љубезна и драга кон мене“, напиша Ронсон на „Твитер“ во понеделникот.
Британката на своите следачи на социјалните мрежи им објасни дека начинот на кој Елен се однесувала кон неа како познато лице не го одразува, генерално, начинот на кој таа се однесувала кон тие од понизок профил.
Друг корисник на „Твитер“ ѝ коментира: „Ти си била славна гостинка. Таа наводно се однесувала лошо со луѓето што работат за неа“.
Ронсон одговори: „Јас не бев славна гостинка. Јас бев вработена. Има голема разлика. Верувај ми“.
Твитот на Ронсон следување кога сопругата на Елен, австралиската актерка Порша де Роси, објави графичка страница на „Инстаграм“ со наслов: „Јас стојам покрај Елен“ и напиша: „За сите наши фанови… Се гледаме набргу… ви благодарам за поддршката“. Оваа иницијатива на Де Роси се чини како обид да придобие поддршка од јавноста за водителката на ток-шоуто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Ова не е нормално“: Џорџ Клуни ги збуни фановите со необична исповед за бракот со Амал

Џорџ Клуни (63) е во брак со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47) повеќе од десет години, а холивудската ѕвезда се уште стои на своето тврдење дека никогаш не се скарале. Зборувајќи за Гејл Кинг на CBS Mornings, актерот призна дека тој и Амал сè уште не се скарале, што изненади многу обожаватели.
Тој се присети и на последното појавување во шоуто, велејќи дека и тогаш го тврдел истото. “Се сеќавам дека еднаш бевме кај вас и рековме дека никогаш не сме се скарале. Сè уште не сме се скарале. Се обидуваме да најдеме причина да се караме”, рече Џорџ низ смеа.
„Имам неверојатна среќа што ја запознав оваа извонредна жена. Се чувствувам како да го постигнав џекпотот. Нема ден да не мислам дека сум најсреќниот човек на светот. Навистина е прекрасно”, додаде тој.
По тоа интервју, некои корисници на платформата X (поранешен Твитер) почнаа да шпекулираат дека „најверојатно спијат во посебни соби“.
Еден обожавател, исто така, предложил дека имаат посебни соби, додека друг објавил мем со Вил Ферел од филмот „Елф“ со познатиот цитат: „Седиш на тронот на лагите“. „Тоа не е нормално“, напишаа многумина.
Забава
Најсексапилната жена објави со кого е во врска: никој не очекуваше

Една од најжешките жени на светот, актерката и модел Елизабет Харли, ги шокираше фановите во неделата на Велигден кога наместо провокативните фотографии на кои ги навикна обожавателите, ја откри својата романса со пејачот Били Реј Сајрус, таткото на Мајли Сајрус.
Актерката и пејачот на хитот „Achy Breaky Heart“ позираа во многу страсна поза, а Елизабет уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите адути. Сепак, не во бикини, туку во фармерки и откопчана кошула, а што се однесува до модните детали, таа носеше сламен шешир, а нејзиниот партнер на неговата глава велигденски реквизит.
„Среќен Велигден“, рече актерката со необичната фотографија и додаде срциња, а сликата на заљубениот пар предизвика лавина реакции.
„Се надевам дека ова е слика направена од вештачка интелигенција“, напиша еден корисник на Инстаграм.
Нејзината најпозната врска е со нејзиниот колега Хју Грант, со кого беше 13 години. Тие раскинаа во 2000 година, но и денес се блиски пријатели, а доказ за тоа е фактот дека славниот актер е кум на нејзиниот син Демијан.
Забава
(Видео) Кристен Стјуарт се венча по шест години врска

Кристен Стјуарт и Дилан Мајер се венчаа на интимна церемонија одржана во Лос Анџелес по речиси шест години врска. Актерката позната по улогата во серијата „Самрак“, 35-годишната Стјуарт и 37-годишната сценаристка Мајер си размениле завети во неделата, 20 април, во домот на Стјуарт.
Според ТМЗ, парот добил дозвола за брак од локалната судница неколку дена пред церемонијата.
Свадбата била многу приватна, а присуствуваа само најблиските пријатели и членовите на семејството, меѓу кои и актерката Ешли Бенсон и нејзиниот сопруг Брендон Дејвис.
Кристен и Дилан се запознаа во 2013 година на снимање, но се зближија дури во 2019 година, откако Стјуарт ја прекина врската со моделот Стела Максвел. Својата врска ја објавија во октомври истата година на Инстаграм, а се верија во 2021 година.