Свет
Трамп ја критикува советничката за коронавирус во Белата куќа: Отворете ги училиштата
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја критикува советничката за коронавирус во Белата куќа, Дебра Биркс, бидејќи таа на националната телевизија изјави дека новото зголемување на бројот на заразени е екстремно распространето во руралните делови на земјата и градовите.
Трамп напиша на „Твитер“: „Во повеќето делови на земјата ситуацијата е многу добра. Отворете ги училиштата“.
Ден претходно, д-р Дебра Биркс, координатор на работната група за коронавирус во Белата куќа, за Си-ен-ен изјави дека САД се наоѓаат во нова фаза.
„Она што го гледаме денес е поинакво од ситуацијата во март или април. Сите што живеат во руралните области треба да знаат: не сте имуни или заштитени од овој вирус“, рече Биркс, пренесува „Гласот на Америка“.
Таа рече дека патувала во 14 земји во последните три недели и дека е загрижена за некои работи што ги видела.
Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом, која ја контролираат демократите, за телевизијата Еј-би-си изјави дека не верува во претходните процени на Биркс направени пред неколку недели – дека вирусот се повлекува во САД пред новиот скок на бројот на случаи во средината на јуни.
„Мислам дека претседателот шири дезинформации за вирусот и таа е именувана од него, така што немам доверба“, рече Пелоси во програмата This Week.
Трамп напиша на „Твитер“: „Лудата Ненси Пелоси кажа страшни работи за д-р Дебра Биркс, таа ја критикува затоа што е премногу позитивна во однос на многу добра работа што ја работиме во борбата против кинескиот вирус, вклучувајќи ги и вакцините и лековите. За да ѝ одговори на Ненси, Дебра ја проголта мамката и нè критикува. Патетично!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.