Забава
„Оглас од милион долари: Лос Анџелес“, Трејси Тутор се одушеви од дворец во Аризона
Брокерката за недвижности Трејси Тутор беше одушевена од сè она што го виде во домот на еден богат клиент во вторникот во епизодата на познатото шоу „Огласи од милион долари: Лос Анџелес“.
Во дворецот „Бела парадизо“, кој се протега на имот од 20.000 квадратни метри во Paradise Valley (Рајска Долина), Аризона, брокерката видела просторија толку убава што морала да застане и да се присобере пред да продолжи понатаму.

Дворецот има четири огромни спални соби, 12 бањи, свечена трпезарија, пространа кујна и сала за балови.
„Цената на овој дворец во близина на планината Камелбек е 1,6 милион долари“, ѝ вели сопственикот за Трејси во епизодата.
„А ова е плакарот на „Бела парадизо“, ѝ рече тој пред да пристапат кон еден огромен простор.

„Овој плакар е врвно женско совршенство. Категоризирано, одделено со прегради за секоја сезона во годината. Сè што ви треба е тука“, вели Трејси и додава: „Во просторот се слуша тивка музика како од порнофилм и има меко придушено осветление“.

„Треба само да се омажиш за сопственикот“, се пошегува продуцентот на Трејси, која штотуку се разведе.
Трејси Тутор е врвен агент за недвижности во агенцијата Douglas Elliman во Беверли Хилс, консултант на некои од најдобрите светски архитекти и програмери. Таа е прва и единствена жена во актерскиот тим на популарното шоу Bravo’s Million Dollar Listing LA. Дванаесеттата сезона на шоуто почна во јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

