Забава
Најавен е римејк на „Валканиот танц“

Римејкот на „Валканиот танц“ (Dirty Dancing), во кој глуми истата „бејби“, Џенифер Греј, е во почетна фаза, 33 години откако оригиналот со Патрик Свејзи доминира на киносалите.
Шпекулациите почнаа да кружат минатиот месец, а сега е потврдено дека Бејби Хаусман се враќа за уште едно валкано танцување. Во четвртокот „Дедлајн“ потврди дека актерката Џенифер Греј е пријавена за новото продолжение на иконскиот филм од 80-тите години како протагонист и извршен продуцент.
„Тоа ќе биде романтичен, носталгичен филм, што го чекаа фановите на блокбстерот, кој стана најпродаваниот наслов во историјата на компанијата“, изјави Јон Фелтхајмер. извршен директор на „Лајнс гејт филмс“, потврдувајќи го проектот.
Греј, која сега има 60 години, ја имаше главната улога на Бејби во оригиналниот филм од 1987 година. Приказната го прикажува созревањето на една тинејџерка преку врска со инструктор по танц (Патрик Свејзи) на кој таа налетува за време на семејниот летен одмор.
Покрај тоа што заработи приближно 220 милиони долари на светските киноблагајни, со продукциски буџет од 5 милиони долари, „Валканиот танц“ бргу стана заштитен знак на поп-културата благодарение на електричната хемија помеѓу Греј и Свејзи, оскаровската музика и, секако, безвременското подигнување како кулминација на танцот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Бракот ја направи уште поголема „бомба“: на Безос не му е лесно…

Лорен Санчез се појави на Неделата на модата во Париз и предизвика возбуда со својот бомбастичен изглед.
Сопругата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, повторно изненади со смело модно издание, овој пат на Неделата на модата во Париз.
Поранешната новинарка, како и обично, ги истакна своите гради, кои се нејзин главен адут на секој настан.
За оваа пригода, таа избра елегантен црвен фустан со асиметричен дизајн и многу интересно деколте на градите. Моделот имаше набори по целата должина кои дополнително создаваа облини и правеа сè да изгледа толку гламурозно, но и провокативно.
Лорен додаде сандали во иста боја како фустанот во својот аутфит, а не се откажа од црвената ни кога стануваше збор за нејзината чанта. Монохроматското издание изгледаше како совршено да одговара на нејзиниот престој во Париз.
Новопечената милијардерка, иако можеби не го сакаше тоа, повторно беше во центарот на вниманието благодарение на својот провокативен изглед.
До неа овој пат беше Безос, кој генерално ја користи секоја можност да биде со својата сопруга на јавни настани.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Таа знае што значи „деколте до папок“: згодната пејачка го вознемири Париз

Пејачката Рита Ора е една од познатите личности кои се појавија на Неделата на модата во Париз.
Бидејќи секоја модна ревија е проследена со раскошна забава, Рита никогаш не пропушта можност да биде во центарот на вниманието, особено по промената на нејзиниот имиџ.
Згодната пејачка овој пат се одлучи за смел и храбар фустан. Таа избра бел фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело, но има толку изразено деколте што буквално допира „до папокот“, па сè друго беше во сенка.
Белите потпетици и црните очила беа единственото друго нешто што пејачката го додаде во својот фустан, и тоа беше доволно.
Со оглед на тоа што Рита Ора понекогаш може да разочара со својот стил, овој пат тоа не беше случај, иако најчесто игра на картата на провокација.
За излегувањето, таа го избра ресторанот „Le Costes“, добро познато место меѓу познатите ѕвезди кога станува збор за Париз.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Унгарката јасно покажа која е најсекси манекенка

Прекрасната Унгарка Барбара Палвин беше фотографирана на улиците на француската престолнина додека го напушташе хотелот каде што престојуваше за време на Неделата на модата во Париз.
Барбара е сè повеќе барана во светот на модата и секој пат импресионира со својот изглед. Понекогаш е помалку, понекогаш повеќе провокативна, но секогаш бескрајно елегантна.
Таков беше и овој пат.
Унгарската убавица прошета во чоколаден сет составен од кратка здолниште и малку подолго сако со процеп на градите. Додаде и драматични црни кожни ракавици и најлонски чорапи високи до колена.
Ја собра косата во пунџа и самоуверено прошета по улиците на Париз, а уживаше во сите погледи што ги привлече.
За многу кратко време, името Барбара Палвин стана многу познато во светот на познатите личности, па затоа секое нејзино појавување е секогаш вредно за споменување.
фото: принтскрин