Македонија
155 нови случаи на Kовид-19 во земјава, починати се две лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 51, Куманово – 11, Дебар – 2, Штип – 13, Прилеп – 4, Тетово – 10, Струга – 3, Битола – 1, Охрид – 6, Кавадарци – 14, Гостивар – 22, Гевгелија – 1, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 4, Македонски Брод – 5, Виница – 2, Кичево – 3, Неготино – 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Куманово – 17, Штип – 22, Прилеп – 6, Велес – 2, Битола – 2, Гостивар – 5, Радовиш – 10, Крушево – 1, Пробиштип – 5, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 3, Кратово – 1, Свети Николе – 12.
Починати се 2 лица, пациент од Скопје (80 години) и пациент од Штип (74 години). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.554, бројката на оздравени пациенти е 7.607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5051, активни 1241
• Куманово 1125, активни 254
• Дебар 210, активни 119
• Штип 923, активни 371
• Прилеп 341, активни 45
• Тетово 1081, активни 196
• Струга 473, активни 190
• Велес 227, активни 20
• Битола 154, активни 70
• Охрид 294, активни 86
• Кавадарци 97, активни 75
• Гостивар 535, активни 300
• Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 39, активни 23
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 6
• Крушево 16, активни 7
• Кочани 108, активни 20
• Пробиштип 59, активни 17
• Демир Хисар 40, активни 30
• Македонски Брод 47, активни 38
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 28, активни 24
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 230, активни 118
• Кичево 182, активни 112
• Ресен 146, активни 19
• Неготино 30, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1845 теста се преку: ИЈЗ-853, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-282, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-181, Систина со PCR-метода -141, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-42, Инфективна клиника-6, ГАК-6. Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По осум месеци од трагедијата, почнува судењето за пожарот „Пулс“ – обвинети се 34 лица
Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, почнува денеска, во судницата во затворот „Идризово“.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивна координација.
„Во судница обвинението ќе го застапуваат истите обвинители што беа и досега, но најверојатно ќе ангажираме уште неколку, за да не се одолговлекува постапката. Од наша страна сме целосно подготвени и екипирани“, изјави минатата недела Коцевски.
Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар и двајца поранешни министри за економија. Првообвинети се тројцата одговорни лица и сопственици на фирмата чија подружница било кабарето „Пулс“.
Покрај главниот предмет, се води и посебна истрага против 13 полицајци поврзани со случајот, која се одвива побавно поради одложени сослушувања на сведоци. Одлуката од Јавното обвинителство се очекува на почетокот на декември.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се води и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи.
Според обвинителниот акт, со години се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, ексградоначалници, инспектори, обезбедувачи и државни функционери.
Македонија
(Фото) Од шахта на булеварот „Александар Македонски“ масивно истекуваше хемиска пена, Ѓорѓиевски: Ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки
На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, но и за кои ние веќе претходно преземавме мерки. Согласно издадената наредба од Инспекторатот на Град Скопје, беше извршен вонреден инспекциски надзор на булевар „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Овластените инспектори на Град Скопје веднаш излегоа на терен и направија детален увид во состојбата. На лице место беше затекната алармантна ситуација, од средишната шахта на булеварот беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина, потекната од правен субјект што стопанисува во непосредна близина.
Станува збор за сериозно нарушување на законските прописи и директно загрозување на животната средина.
Надлежните институции веднаш постапија. Земени се проби од шахтата, од површината на булеварот, како и од пеноматот во сопственост на правното лице.
Врз основа на утврдената состојба и собраните докази, кон правното лице ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки. Никакво отстапување нема да биде дозволено, секој што го нарушува законот, ја загадува околината и го загрозува здравјето на граѓаните, ќе се соочи со целосната сила на институциите“, додаде градоначалникот.
Македонија
Без струја денеска делови од Шуто Оризари, Сарај и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 10.30 часот дел од корисниците од ул. Брсјачка Буна, Демирхисарска и Пелагонија (општина Шуто Оризари)
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците во с,Кондово кај пумпата за водовод (општина Сарај)
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од ул.Михаил и Ефтихиј и ул.Георги Димитров (општина Кисела Вода)

