Македонија
(Видео) Арсовски: СДСМ крие од каде им се неколку стотици илјади евра за реклами на социјални мрежи

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, прашува зошто СДСМ крие неколку стотици илјади евра за реклами на социјални мрежи и од каде им се?
„СДСМ овие избори ги изведе на најнедемократски начин, вршејќи најголем изборен грабеж и поткуп на терен. Во извештајот поднесен до ДЗР за потрошени средства во кампањата од страна на коалицијата „Можеме“, СДСМ ги крие трошоците и сумите кои ги потрошиле за одредени ставки и спецификации. Зошто? Најверојатно сомнителни им се изворите на пари и затоа не се транспарентни да ги објават, колку суми и колкави пари потрошиле за оваа кампања. Доколку внимателно се погледне извештајот, во ниту една ставка не може да се најде извештај и сума колку пари потрошиле СДСМ и коалицијата „Можеме“ за рекламирање и рекламен простор, односно платени, спонзорирани реклами на социјалните мрежи, конкретно на Фејсбук, Инстаграм итн“, кажа тој.
Очигледно е, додаде Арсовски, дека кријат свесно и свесно сакаат да ги изманипулираат граѓаните.
„Но, да потсетиме, во текот на кампањата излезе анализа од експерти низ медиумите, дека СДСМ дневно троши на социјалните мрежи за реклами околу 27.000 евра на ден, што пак во текот на кампањата достигнува цифра од над половина милион евра реклами, само за на социјалните мрежи. Прашањето е следно, зошто овие суми не ги пријавува СДСМ и од каде им се овие суми на пари за финансирање на социјалните мрежи. Дали можеби тоа се парите од рекетот кој го изрекетираа Заеви и СДСМ во милионски суми, за кој што се уште не одговараа? Дали нетранспарентноста на СДСМ ја потврдува тезата дека СДСМ оваа кампања ја финансирала т.н. „црни пари”? Ова се прашањата на кои што треба да ги одговорат од СДСМ“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер.
„Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД.
Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции.
Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера.
На листа на санкции со децении се наоѓаат лица ПОРАДИ НАВОДИ за корупција и поткопување на демократските процеси, меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан“, напиша Арсовска.
Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.