Свет
Трамп го исмеа „Њујорк тајмс“ за лажната вест за Маунт Рашмор
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го негира написот на „Њујорк тајмс“, во кој се вели дека посакал неговиот лик да биде издлабен на Маунт Рашмор, истовремено велејќи, на шега, дека му се допаѓа идејата, пренесува РТ.
Трамп на „Твитер“ жестоко го критикува весникот, како и Си-ен-ен, кој емитуваше слична приказна заснована на строијата на „Њујорк тајмс“.
„Ова е лажна вест од неуспешните @nytimes и @CNN со ужасен рејтинг. Никогаш не сум го предложил тоа иако врз основа на многу од постигнатите работи во првите 3 и пол години ми звучи како добра идеја!“, тој напиша.
Цитирајќи „републикански претставник запознат со разговорот“, „Њујорк тајмс“ тврдеше дека помошник во Белата куќа минатата година стапил во контакт со канцеларијата на гувернерот на Јужна Дакота за да праша за додавање „дополнителни претседатели“ на познатата скулптура на која се издлабени ликовите на претседателите Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт.
Анонимниот извор ја поттикнал долгогодишната шпекулаиција дека Трамп сакал да го смени Маунт Рашмор уште од почетокот на мандатот. Според гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, Трамп на состанокот во 2018 година рекол дека негов сон е да си го види ликот на познатата планина. Ноем рече дека тој бил мртов сериозен.
Трамп го спомена ова прашање јавно, но тврди дека идејата била кажана на шега.
„Би прашал дали мислите дека некој ден ќе бидам на Маунт Рашмор или не, но еве го проблемот: ако го сторам тоа на шега, за забава, лажните медиуми ќе кажат – тој верува дека треба да биде на Маунт Рашмор“, рече Трамп на еден политички митинг во 2017 година.
Минатата година Трамп истакна дека би добил лош публицитет ако изрази вистинска желба да биде на Маунт Рашмор.
Познатиот споменик набргу стана политичко и културно бојно поле откога Трамп присуствуваше на прославата на 4 јули годинава. Многу медиуми, кои претходно го фалеа споменикот, почнаа да објавуваат приказни во кои се вели дека тој ги претставува ропството и угнетувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

